(Фото) Кокаин и пиштол пронајдени при претрес во Голема Речица, приведен 57-годишник


policija-sirena-nasha-slika-potera-ubistvo-VI.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пиштол и кокаин биле пронајдени при полициски претрес во дом и помошни простории во тетовското село Голема Речица. Лишен од слобода е 57-годишниот А.А., кој, според полицијата, упатувал закани кон полициските службеници за време на претресот.


Претресот бил извршен на 16 октомври, од 15 до 16:30 часот, со судска наредба. Во подрумска просторија, под кревет, бил пронајден пиштол „Екол дуал“ со една празна рамка.

Во друга помошна просторија во куќата, во навлака од перница, полицијата пронашла 22 мали најлонски кесички со кокаин и уште една поголема најлонска кеса со истата дрога.

Осомничениот бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK