(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајци да влезат на имотот
Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување службени дејствија. Вчера околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечко. Имено, тројцата агресивно се однесувале и попречувале …
Continue Reading
За 1.300 евра му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош
Вчера во СВР Скопје, 64-годишен маж пријавил дека е измамен за сума од 1.300 евра од Ф.А. од Скопје. Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра. По неколку месеци …
Continue Reading
По пријава за гласна музика, двајца полицајци од Кочани истепале едно лице без причина
Полицијата поднесе кривична пријава против двајца полицајци за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Двајцата пријавени, полициски службеници во Полициската станица Кочани при СВР Штип, при извршување на службени задачи на 07.09.2025 година во врска со пријава за гласна музика, влегле во дворот на лицето пријавено за пуштање на гласна музика и без да бидат исполнети условите за употреба …
Continue Reading
Се степале жени во Охридско
Вчера во СВР Охрид е пријавено дека во 14:40 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на селото Извор, З.А.(41) од кичевското село Колибари физички ја нападнала Ф.Д.(25) од селото Пласница, по што настанала фиџзичка пресметка помеѓу нив. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Continue Reading
Пијан удрил во паркирано возило, па се заканувал на сопственичката: уапсен 31-годишник од Пробиштип
Ноќеска во 02:53 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 31-годишниот М.П. од Пробиштип. Претходно, тој со возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, удрил во паркирано возило, по што се заканувал на сопственичката на паркираното возило М.С.(21) од Свети Николе. Додека, при преземање мерки во врска со настанот, полициските …
Continue Reading
Уапсен маж од Кумановско, пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од село Тромеѓа, кумановско. Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства. Тој е задржан во полициска станица и …
Continue Reading
Приведени двајца криумчари, пронајдени се пет лица мигранти
На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани. Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со …
Continue Reading
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди. Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во …
Continue Reading