Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес. По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување …
Continue Reading
Пронајдено тело на жена во Вардар
Во полицијата, вчера било пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на селото Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице. Телото било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Увид на местото извршила полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
Continue Reading
Во Скопје пријавено насилство: 14-годишник натепан и оставен во Сингелиќ, 16-годишната сестра однесена со возило
Педесет и едногодишна скопјанка пријавила дека на 30 ноември околу 17:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С. Според пријавата, В.С. во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со девојчето продолжил да се движи со автомобилот. Од МВР информираат дека се …
Continue Reading
Шестнаесетгодишник се шетал со пиштол низ Скопје
Полицијата поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. „На 6 септември полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот, при што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и куршуми, калибар 7,65 мм, кои пријавениот неовластено ги поседувал и носел со себе“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Со закани кон вработената украл пари: разбојништво во обложувалница во Струга
Синоќа во 23:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во 23:00 часот во спортска обложувалница во Струга, едно лице со закани кон вработената одзело пари од дневниот промет. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Continue Reading
Охриѓанка го натепала сопругот
Охриѓанка е пријавена во полиција поради семејно насилство, откако вчера попладне физички насрнала врз својот сопруг. Инцидентот се случил во нивниот заеднички семеен дом во Охрид. СВР Охрид работи на целосно документирање на случајот, по што против М.Ц. ќе биде поднесена соодветна законска пријава. „На 29.11.2025 година во 16:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, М.Ц. од Охрид, во …
Continue Reading
Фатен шверцер на мигранти
Полицијата рано изутринава кај наплатната рампа Романовце лишила од слобода возач и седум илегални мигранти од Египет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Како што се посочува во информацијата од МВР, околу 2:10 часот на 30 ноември, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица …
Continue Reading
Поради алкохол и пребрзо возење лишени од слобода тројца возачи
Полициските службеници во изминатите два дена лишија од слобода тројца возачи во Македонска Каменица, Кратово и Куманово поради сериозни прекршоци во сообраќајот. На улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, вчера околу 23 часот полицијата го привела Д.Ј. (54) откако управувал возило „Хјундаи“ под дејство на алкохол. Измерени му биле 2,00 промили алкохол во крвта. Неколку часа подоцна, однсно ноќеска во …
Continue Reading
Охриѓанец со повреди од остар предмет донесен во болница, полицијата работи на случајот
Во СВР Охрид утрово било пријавено дека во Општата болница во Охрид е донесен 34-годишниот С.М. од Охрид, кај кого биле констатирани повреди нанесени со остар предмет, соопштува МВР. Пријавата била поднесена на 30 ноември 2025 година во 07:45 часот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настанале повредите.
Continue Reading