Алијанса за Албанците: Правосудниот испит во целост да се полага на албански јазик

Од Алијансата за Албанците велат дека се разочарани од начинот на кој се третира барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик. „По неколкумесечни ветувања и заложби од страна на ВЛЕН за решавање на овој проблем, решение кое ќе биде во согласност со барањата на студентите, денес премиерот Мицкоски соопшти дека практичниот дел од испитот, во …

Continue Reading

Де Брујне ќе го избркаат од Наполи

Репрезентативецот на Белгија, Кевин де Брујне, со голема веројатност ќе го напупти Наполи. Белгиецот пристигна на голема врата во Неапол, но со текот на времето неговиот статус се менуваше во клубот. Атмосферата во соблекувалната не изгледа ни приближно каква што треба да биде. Де Брујне е во „војна“ со некои соиграчи, што очигледно придонесува за резултатите. Неговиот конфликт со Лоренцо …

Continue Reading

Кубарси е „Златно момче“ за 2026 година

Фудбалерот на Барселона, Пау Кубарси, ја доби наградата „Златно момче“ два месеци пред неговиот 20-ти роденден. Кубарси беше еден од клучните играчи во триумфот на Шпанија на Светското првенство, освојувајќи ја наградата за најдобар млад играч на турнирот. Исто така, тој беше еден од предводниците на Барселона до титулата во Ла Лига. Наградата „Златно момче“ ја доделуваат новинарите на најдобриот …

Continue Reading

Бени Шаќири поднесе оставка, нов директор на МКЦ е Димче Арсовски

Бени Шаќири поднесе оставка од директорската функција во МКЦ, а на негово место доаѓа поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Шаќири на „Фејсбук“ објави дека останува дел од кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, како негов советник за култура. „Почитувани граѓани, ја користам оваа прилика да ве известам дека повеќе нема да ја обавувам функцијата директор на Младински …

Continue Reading

Орбан по притворањето на неговиот брат: Јас сум целта, тој е само пион

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан остро ја критикуваше истрагата против неговиот брат, Арон Орбан, кој е осомничен за трговија со луѓе. Тој ја обвини владата на премиерот Петер Маѓар за политички прогон и за обид да го одвлече вниманието на јавноста од минатонеделното објавување на архивите на тајната полиција од комунистичката ера. „Целта на оваа валкана игра е да се …

Continue Reading

„Nvidia“ изгуби 335 милијарди долари за едно утро поради аферата на извршниот директор

Американскиот технолошки гигант Nvidia изгуби приближно 335 милијарди долари пазарна вредност на почетокот на денешното тргување на Волстрит. Акциите на водечкиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција паднаа за речиси 7,5 отсто, откако компанијата покрена истрага за афера во која е вмешан нејзиниот извршен директор, Џенсен Хуанг, и неговите наводни врски со жена која американските разузнавачки служби ја поврзуваат …

Continue Reading

АД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехника

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката. Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори …

Continue Reading

Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово – овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари, соопшти Народната банка. „Во текот на денешниот ден, во трите града …

Continue Reading

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб …

Continue Reading