Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени
Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на кои републиканците го загубија мнозинството во двата дома. Во нова објава на „Truth Social“, тој за исходот ги обвини машините за гласање. „Дали некој навистина верува дека овие ’избори‘ беа фер? Како можеа анкетите толку многу да згрешат??? Големи групи …
Continue Reading
Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија
Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „застрашувачка“, пренесува „Ројтерс“. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од погромот „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година, настан …
Continue Reading
ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема
Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка, претставува уште еден обид реалниот проблем на граѓаните да се претвори во политичка тема и одговорноста да се префрли на Владата и државните институции, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка. „Само да потсетаме дека …
Continue Reading
Рјабков: Ако Европа нè нападне, тоа ќе биде многу кратка војна
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, ги осуди напорите на Европската унија и НАТО насочени кон подготовка за можна војна против Русија. Во видео-порака до учесниците на тркалезна маса за милитаризацијата на Европа – одржана под покровителство на ОБСЕ – тој изјави дека Москва не планира никого да нападне, но е подготвена да одговори на каква било можна …
Continue Reading
Песков: Украина е поинаква држава, во географска смисла
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, во географска смисла, Украина веќе станала поинаква држава. Неговиот коментар уследи по сугестијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека мировниот договор би можел да резултира со промена на границите на Украина. Москва продолжува да инсистира да се признаат нејзините претензии кон окупираните украински територии, вклучително и областите што сè уште се под контрола …
Continue Reading
Рекордни 2,5 милиони луѓе на мисата на Папата во Буенос Аирес
Повеќе од два и пол милиони луѓе се собраа денес на миса на отворено, која ја служеше папата Лав XIV во Буенос Аирес, што претставува најголем настан во текот на неговиот 18-месечен понтификат, соопшти Ватикан. Првиот папа од американскиот континент моментално е на турнеја низ три јужноамерикански земји, која ќе заврши на 17 ноември. Претходниот најголем собир се случи во …
Continue Reading
Левица поднесе тужба до Управниот суд за студентскиот оброк
Левица поднесе тужба до Управниот суд и претставка до Народниот првобранител против незаконското постапување на Министерството за образование за студентскиот оброк. „Денес, преку група студенти претставувани од Генералниот секретар на Црвена Младина Марија Ванчева, поднесовме тужба до Управниот суд и претставка до Народниот правобранител поради непостапувањето на Министерството за образование во врска со законската обврска за усогласување на субвенционираниот студентски …
Continue Reading
ЛДП: За 48 часа собрани над 10.000 потписи за итно воведување електронски нараквици
За само два дена, повеќе од 10.000 граѓанки и граѓани ја потпишаа петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство, соопштија од партијата. Според ЛДП, оваа масовна поддршка е директна порака за власта и за сите оние кои со месеци барале празни изговори, правдајќи ја својата незаинтересираност со некакви „недоработени решенија“ и „подетални …
Continue Reading
Легендарниот Раул ќе дебитира како тренер во сениорскиот фудбал
Раул Бланко Гонзалез ќе стане тренер на фудбалскиот тим на Реал Овиедо, објави шпанскиот весник „Ас“. Легендарниот капитен на Реал Мадрид ќе ја преземе тренерската функција наместо Џулијан Калер, кој ќе биде отпуштен и покрај победата на тимот против Кадиз (2:1). Причината за отказот е поразот и елиминацијата од Купот на Кралот против тимот од четвртата дивизија Нумансија. Овиедо, минатата …
Continue Reading