Михаилов: Не купувајте дрва од дрвокрадци, го поддржувате криминалот

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, упати апел до граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадци по пониски цени, бидејќи на тој начин, како што посочува, директно го поддржуваат нелегалното уништување на шумите. Михаилов вели дека зад нелегалната сеча често стојат организирани групи, кои во одредени случаи ги напаѓаат и вработените во „Национални шуми“ и припадниците на шумската полиција. …

Continue Reading

Татко и син убиени во лов во Норвешка

Татко и син утрово се застрелани, а трето лице се здоби со тешки повреди опасни по живот во шумска област во близина на норвешкиот град Халден, објави новинската агенција НТВ. Жртвите, пренесува ДПА, се маж на возраст од седумдесетина години и неговиот син на возраст од четириесеттите години, а двајцата наводно биле дел од група ловци. Полицијата на самото место …

Continue Reading

Околу 1.000 жени годишно заболуваат од рак на дојка, Клековски најави нов скрининг

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во Македонија, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале од оваа болест, информираше министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. На настанот, кој го поддржа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, беа упатени пораки за важноста на превенцијата, …

Continue Reading

Ѓоковиќ го победи Зверев и го урна рекордот на Надал

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг, откако направи пресврт против првиот носител, Германецот Александар Зверев со 2:1 (6:4, 4:6, 4:6). Мечот во четвртфиналето на турнирот во Пекинг потсети на најдобрите денови на српскиот тенисер, кој се врати во мечот откако го загуби првиот сет. Во вториот и третиот прикажа констатнтна и сигурна игра. Ѓоковиќ остана непобедлив …

Continue Reading

Димитриевски: За идентитетот, јазикот и културата нема да преговараме

Движењето ЗНАМ одржа средба со граѓаните во Гостивар, на која под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“ беа презентирани резултатите од досегашната работа. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во обраќањето пред сопартијците се осврна на реализираните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, како и на европската интеграција. Тој посочи дека отчетот најдобро се мери …

Continue Reading

Две 14-годишни деца тешко повредени во тешка сообраќајка со три автомобили во Гостивар

Две 14-годишни деца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Гостивар, во која учествувале три автомобили, а било оштетено и едно паркирано возило. Според МВР, несреќата била пријавена синоќа во 22:10 часот, а се случила на раскрсницата на улиците „Кеј Вардар“ и „Тоде Богдановски“. Во судирот учествувале „голф“ управуван од 18-годишниот Е.Р., друг „голф“ управуван од 19-годишниот Б.А. и „бмв“ …

Continue Reading

Кокаин и марихуана запленети на повеќе локации, осум лица лишени од слобода

Повеќе лица биле лишени од слобода на различни локации во земјава на 3 и 4 октомври, откако полицијата кај нив пронашла и одзела кокаин, марихуана и други материи за кои постои сомнение дека се наркотични дроги. На 3 октомври во 16:45 часот, на улицата „Киро Ристоски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.А. (36) од …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Кенијците доминираа на Скопскиот маратон, Ивановски трет кај мажите, Поп Арсова четврта кај дамите

Кениецот Дерик Чеге Нјороге е победник на 22.издание на Виз Ер Скопски маратон. Pатеката долга 42,195 километри ја истрча за 2:12:56 секунди. Дерик Чеге Њороге, побнеди пред сонародникот Едвин Кимару Косгеи, кој доцнеше помалку од 30 секунди. Макеоднскиот репрезњентативец Дарио Ивановски го освои третото место со време 2:13:49. Извонреден резултат постигна уште еден Македонец, Жан Тошев, кој заврши на осмото …

Continue Reading

Кобила се ождребила на улица во Скопје, градоначалникот вели животните се згрижени во Зоолошката

Кобилата која се ождребила на улица во скопски Карпош и нејзиното ждребе се згрижени и сместени во карантин во скопската Зоолошка градина, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Утрово нѐ затекна веста за кобила која се ождреби на улица во Скопје. Раѓањето нов живот треба да биде убава вест. Но, кога тоа се случува на асфалт, во несоодветни услови и …

Continue Reading