Кокаин и марихуана запленети на повеќе локации, осум лица лишени од слобода


kokain1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе лица биле лишени од слобода на различни локации во земјава на 3 и 4 октомври, откако полицијата кај нив пронашла и одзела кокаин, марихуана и други материи за кои постои сомнение дека се наркотични дроги.


На 3 октомври во 16:45 часот, на улицата „Киро Ристоски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.А. (36) од Тетово. При прегледот кај него биле пронајдени и одземени две пакувања со кокаин и кујнски нож.

Истиот ден во 22 часот, во спортска обложувалница на улицата „120“ во Тетово, бил лишен од слобода К.А. (34) од Тетово. При прегледот кај него бил пронајден предмет со остатоци од кокаин. Во врска со истиот случај, од слобода било лишено и одговорното лице во објектот, С.Р. (62) од село Челопек, поради сомнение за кривично дело „овозможување употреба на опојни дроги“.

Во Гостивар, на 4 октомври во 1:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.А. (29) од Гостивар, кај кого при прегледот било пронајдено и одземено пакување со кокаин.

Во Штип, на 3 октомври во 23:45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип ги лишиле од слобода А.Ѓ. (22) и В.И. (24), двајцата од Штип. Кај нив биле пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана.

На Граничниот премин Табановце, на 3 октомври во 21:30 часот, полицијата го лишила од слобода Ј.М. (37) од Чешка. Во неговиот личен багаж, во патничко возило со чешки национални ознаки со кое допатувал, била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 21:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, го лишиле од слобода А.Г. (31) од Кавадарци, кај кого при прегледот била пронајдена и одземена марихуана.

По целосното документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK