Левица: „Комитет пред квалитет“, за директор по мерка на власта се менува Законот за македонска радиодифузија
Денес на дневен ред во Собранието се скандалозни измени на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со кои власта на ДПМНЕ ги елиминира критериумите за професионалност и стручност при избор на директор, очигледно со цел да инсталира уште еден партиски послушник, истакнуваат од Левица. Со предложените измени, власта, како што оценуваат од оваа партија, го брише условот директорот …
Continue Reading
(Видео) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите – се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови
Криминалната ВМРО удри и по студентите. Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат милионски криминални тендери, изјави Стефанија Кузмановска од СДММ. Таа вели дека новите измени на Законот се директен удар врз студентскиот стандард. „Се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови. За прв пат се воведува категоризација …
Continue Reading
Сали на ЕУСАИР Форум во Скопје: Мост кон постепена европска интеграција
Денеска во Скопје официјално беше отворен 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), во организација на Министерството за европски прашања и во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива. Форумот, кој оваа година се одржува под мотото „Accelerating EUSAIR: From Commitment to Impact“, обедини министри, претставници на Европската комисија, регионални институции, локални …
Continue Reading
Збирка од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза изложени во Археолошкиот музеј
По повод Меѓународниот ден на музеите, вчера во Националниот археолошки музеј се одржa свечено отворање на Нумизматичката збирка, како и инклузивниот моден настан „Модата низ минатото“. Нумизматичката збирка опфаќа повеќе од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза, пронајдени како поединечни наоди или во остави, откриени на различни локалитети низ целата држава. Во постојаната нумизматичка поставка изложени …
Continue Reading
Вучевиќ: По Трамп и Путин, и Вучиќ ќе го посети Пекинг
Претседателот на СНС и советник на претседателот на Републиката, Милош Вучевиќ, по повод претстојната посета на претседателот Александар Вучиќ на Кина, изјави дека сите дипломатски активности на претседателот на државата и другите претставници на Србија се важни. Како што изјави, ова ја покажува отвореноста на Србија јасно да ги изрази своите ставови и да се бори за своите интереси. „Оваа …
Continue Reading
Жерновски: Во Куманово собир за поддршка на Вучиќ, од власта молк
Андреј Жерновски од СДСМ ја обвини власта за дволична политика. Тој вели дека за најавениот политички собир за поддршка на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Куманово, нема никаква реакција. „Замислете само што ќе се случеше ако утре во Македонија се организира, на пример, митинг за поддршка на Радев. Мицкоски, Муцунски и целата нивна орбановска медиумска мрежа ќе врескаше за „мешање …
Continue Reading
(Видео) Возила пловат во надојдените води, заробени луѓе, однесени мостови: ужасни сцени од поплави во Кина
Обилните дождови што ја погодија јужна и централна Кина предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку десет лица, училиштата и бизнисите беа затворени во неколку провинции, а сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија беа прекинати. Најмалку шест лица загинаа откако пикап со 15 патници падна во надојдена река во регионот Гуангси во југозападна Кина, а во одделни инциденти, три лица загинаа …
Continue Reading
Шефот на СЗО: Загрижен сум за обемот и брзината за епидемијата на ебола
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна дека е длабоко загрижен за обемот и брзината на епидемијата на ебола, бидејќи бројот на случаи расте. „Од почетокот на новата епидемија, имало најмалку 500 случаи на инфекција и 130 смртни случаи за кои се сомнева дека се поврзани со ебола“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Исто така, еден смртен случај …
Continue Reading
Три знаци ги очекува љубовен „бум“ оваа недела – кога најмалку се надеваат
Оваа недела, Универзумот има посебно изненадување за три хороскопски знаци. Додека некои ќе ги поминат деновите во рутина и секојдневни обврски, одредени луѓе би можеле да добијат порака што ќе им го забрза пулсот и целосно ќе им го промени расположението. Неочекувано „хеј“, повик доцна во ноќта или долгоочекувано признание би можеле да пристигнат токму кога најмалку се надеваат. Астролозите …
Continue Reading