Три автомобили се судрија на патот Ресен–Охрид, жена е тешко повредена
Сопатничка на возраст од 68 години од Битола е тешко повредена во сообраќајна несреќа меѓу три автомобили на магистралниот пат Ресен–Охрид, кај местото Рибник во селото Крушје. Според информациите на МВР, несреќата била пријавена вчера, 9 октомври, во 15:40 часот во ОВР Ресен. Во неа учествувале „рено“, управувано од А.С. (69), „бмв“, управувано од В.М. (51), и „пасат“, управуван од …
Continue Reading
Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција
Скопското Кале ќе се уредува со финансиска и логистичка поддршка од Владата, а премиерот Христијан Мицкоски очекува, доколку активностите почнат годинава и се одвиваат според планот, следната година да го добие изгледот и функционалноста што ги заслужува. Мицкоски рече дека целта е Калето да стане значајна туристичка атракција и да биде дел од Скопје – европска престолнина на културата. „Очекувам …
Continue Reading
Неизвесен терминот за Мундијалот во Саудиска Арабија, можна опција е 2035 година
Светското фудбалско првенство во Саудиска Арабија, предвидено за 2034 година, би можело да се одржи на почетокот на 2035 година поради горештините и преклопувањето на можниот зимски термин со Рамазан. Германски „Кикер“, повикувајќи се на „Атлетик“, ја пренесе оваа можност, но нема потврдена одлука за поместување на турнирот. Високите летни температури го отежнуваат одржувањето на Мундијалот во традиционалниот термин во …
Continue Reading
Надал: Сигурен сум дека повторно ќе играм егзибиции
Рафаел Надал изјави дека сака повторно да игра егзибициски натпревари, откако настапи на прославата по повод десетгодишнината од својата тениска академија. На настанот одигра неколку скратени мечеви, а учествуваа и Енди Мареј, Карлос Моја, Марат Сафин, Ришар Гаске, Фабио Фоњини, Доминик Тим и Давид Ферер. „Сигурен сум дека повторно ќе играм егзибиции. Го сакам тоа“, изјави Надал за француски „Л’Екип“. …
Continue Reading
Верстапен победи во хаотичен спринт во Сингапур со девет откажувања
Макс Верстапен победи во спринт-трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1, која поради обилниот дожд почна со повеќе од половина час доцнење. Зад возачот на Ред Бул завршија возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Трката на уличната патека Марина Беј ја одбележаа бројни инциденти, излетувања и дури девет откажувања. Џорџ Расел од Мерцедес одлично стартуваше и …
Continue Reading
Питони, отровна змија и гуштер под седиштето: косовски државјанин се обидел нелегално да ги внесе во Македонија
Царинските службеници, во заедничка акција со полицијата, спречија обид за шверц на седум млади змии и еден егзотичен гуштер, сокриени во автомобил управуван од косовски државјанин. Егзотика скриена под седиште Со цел нелегално да ги внесе во земјава, патникот го искористил просторот под седиштата во возилото, каде што ги скрил влекачите спакувани во кутии и обвиткани со марами. Меѓу запленетите …
Continue Reading
Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека излезот од блокадата со Бугарија треба да се бара преку дијалог и очекува разговорите да продолжат, со приближување на ставовите и постигнување компромис. Одговарајќи на новинарско прашање каде го гледа решението по изјавите дека нема да има препреговарање и уставни измени со одложено дејство, Мицкоски рече дека се радува што дијалогот почнал и што меѓународните …
Continue Reading
Џорџ Клуни првпат проговори за смртта на синот на Синди Крафорд: Ова е најлошото што може да му се случи на едно семејство
Холивудскиот актер Џорџ Клуни првпат јавно проговори за смртта на Пресли Гербер, 27-годишниот син на манекенката Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, кој почина на 20 септември во установа за рехабилитација во Санта Моника. Клуни, кој е долгогодишен пријател на семејството, за трагедијата зборуваше на доделувањето на наградите „The Albies“ во Лондон, организирано од неговата фондација „Clooney Foundation for Justice“, …
Continue Reading
Младата Месечина во Вага носи предизвици за три хороскопски знаци
Младата Месечина во Вага, која се очекува на 10 октомври 2026 година, според астролошките толкувања, ќе ги стави во преден план љубовните односи, емоциите и важните животни одлуки. Три хороскопски знаци – Овен, Лав и Шкорпија – би можеле да се соочат со напнати ситуации, стари проблеми и предизвици што ќе бараат трпение и самоконтрола. Овен За Овните, младата Месечина …
Continue Reading