Бен Афлек зборуваше за поранешните сопруги
Бен Афлек во неодамнешно интервју ги пофали двете поранешни сопруги, Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер. Промовирајќи го својот нов филм, зборуваше за актерскиот талент на Лопез, но и за тоа колку двете се успешни во градењето на своите брендови на социјалните мрежи, пишува „Хола“. Афлек во моментов го промовира филмот на Нетфликс „Animals“, кој го режираше и во кој глуми. …
Continue Reading
Филипче од маршот: Антифашистичкото наследство нè обврзува да ја вратиме државата во служба на народот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“, порача дека антифашистичкото наследство нè обврзува да ја вратиме државата во служба на народот. Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба, и затоа …
Continue Reading
Роналдо привремено суспендиран
Фудбалскиот сојуз на Португалија привремено го суспендира Кристијано Роналдо поведувањето на дисциплинската постапка против него поради напуштањето на репрезентативниот камп. Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата на Португалија бидејќи, како што наведе, селекторот Жорже Жезус „го прекршил дадениот збор“ со одлуката да не го внесе во игра на натпреварот против Норвешка и со одбивањето да го објасни тоа на прес-конференција. …
Continue Reading
Трамп ги ублажи санкциите за рускиот дизел, Германија нема да го следи
Германија нема да ги следи САД во привременото ублажување на санкциите за рускиот дизел, соопшти владата на канцеларот, Фридрих Мерц. Портпаролот на германската влада, Штефан Корнелиус, изјави дека Берлин ја примил на знаење американската одлука, но останува на својот став. „Сојузната влада останува на одлуката за санкции против Русија и со европските партнери работи на дополнителни санкции“, рече Корнелиус. Американскиот …
Continue Reading
Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи
По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со …
Continue Reading
Шеснаесетгодишник на мопед тешко повреден во сообраќајка во Прилеп
Шеснаесетгодишник од селото Алинци, прилепско, е тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу мопед и автомобил на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Несреќата била пријавена вчера, 9 октомври, во 10:40 часот во ОВР Прилеп. Во неа учествувале автомобил „опел“, управуван од К.Ш. (72) од Прилеп, и мопед што го управувал малолетникот. Двете возила имале прилепски регистарски ознаки. По несреќата, малолетникот бил …
Continue Reading
(Видео) Две торнада ја погодија Сицилија, десетици повредени
Две торнада го погодија крајбрежниот град Марсала, на западот на Сицилија, повредувајќи десетици луѓе и предизвикувајќи значителна штета на објектите. Силниот ветер превртувал автомобили, а снимки од вчера утрото покажуваат две водени пијавици што од морето се приближуваат кон градот, пишува „Гардијан“. Најмалку 11 лица биле пренесени во болница поради повреди од предмети носени од ветерот и скршено стакло. Седумдесетгодишен …
Continue Reading
Малолетник нападнат од соученици во Карпош
Малолетник бил физички нападнат од неколку свои соученици во основно училиште на подрачјето на скопската општина Карпош, според пријава поднесена во СВР Скопје. Случајот го пријавила неговата 54-годишна мајка на 9 октомври во 13:30 часот. Според пријавата, нападот се случил претходниот ден, на 8 октомври. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од маршот „Непокор.Борба.Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и антифашистичката борба, порача дека денешната генерација има историска обврска да се избори за иднина во која младите ќе останат во Македонија и тука ќе го градат својот живот. „Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора …
Continue Reading