ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба и нивната жртва за слобода и создавање самостојна и независна држава. „На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода“, се наведува во честитката на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека идеалите на …

Continue Reading

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, повлекувајќи паралела меѓу борбата на партизаните пред 85 години и денешните предизвици во државата. Од партијата велат дека востанието било борба за слободна држава, човечко достоинство и отпор кон фашизмот, а не за поделби и …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е траен завет за зачувување и развој на татковината, но и обврска за градење демократско, правно и просперитетно општество. Во пораката таа потсети дека на 11 октомври 1941 година македонските востаници ја започнале борбата против фашистичките окупатори, водени од стремежот за …

Continue Reading

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштуваат дека по завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, камерите ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид. Со активирањето на системот се очекува …

Continue Reading

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од Либерално-демократската партија (ЛДП), повикувајќи се на единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ). Од партијата посочуваат дека 18 од вкупно 34 судови се неажурни, има над 134.000 нерешени предмети, а одредени обвинителства функционираат без …

Continue Reading

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од 10 степени е измерена во Маврови Анови и Крива Паланка, додека во Крушево, Струмица, Охрид, Претор и Прилеп се измерени 12 степени. Во Тетово, Куманово, Кавадарци и Скопје-Петровец минималната температура изнесувала 14 степени. Во Велес, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија се …

Continue Reading

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ беше пронајден ракун заразен со беснило, што би можело да биде прв таков случај во тоа подрачје по повеќе од 50 години. Како што соопшти Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес, болниот ракун бил пронајден во дворот на …

Continue Reading

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ кој го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна (НОАВМ) во Вардарска Македонија. Тоа е важен темел во борбата за самобитност и самостојност. Продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив …

Continue Reading

Сметот од Куманово ќе се носи во Дрисла, Димитриевски им се извини на сограѓаните

Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, откако се појави проблем со депонирањето на отпадот поради блокадата на депонијата Краста. Информацијата ја соопштија ЈП „Чистота и зеленило“ и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој се заблагодари за поддршката од премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и менаџерскиот тим на …

Continue Reading