Западна Европа се соочува со рекорден топлотен бран

Голем дел од Западна Европа се соочува со првиот значаен топлотен бран во годината, со температури кои ќе бидат повеќе од десет степени над просекот и би можеле да соборат рекорди на стотици места. Според прогнозите, температурите во Португалија, Шпанија, Франција и Велика Британија во петок и наредните денови ќе надминат 30 степени Целзиусови, со вредности до 32 степени во …

Continue Reading

УЈП: Преземањето на екстензии за е-Фактура да се врши исклучиво од веб страната на управата

Управата за јавни приходи ги известува компаниите кои во моментов тестираат и оние кои се вклучуваат во тестирање на системот „е-Фактура“, да се информираат и раководат исклучиво од она што е објавено на веб страната на проектот е-фактура https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/eFaktura-WebAPP, своите прашања и сугестии да ги поставуваат на адресата email protected или до даночните агенти со кои воспоставиле контакт. Дополнително, Управата за …

Continue Reading

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им врачи награди на 12 вработени, воспитувачки, негувателки, стручни соработници и помошно-технички персонал од центарските градинки во Општина Центар, за нивната исклучителна посветеност, грижа и ангажман во воспитувањето и развојот на најмладите. „Вие сте темелот врз кој се гради секое детство. Во градинките се стекнуваат првите навики, првите другарства и првите вредности. Вашата улога …

Continue Reading

Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан: реафирмирани историските и духовните врски

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“. Делегацијата предводена од Гаши која присуствуваше на Аудиенција кај папата е во состав: координатори на пратеничките Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку; Зоран Љутков, министер за култура; Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието; Негово Блаженство …

Continue Reading

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи

Министерството за транспорт информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи. Од mинистерството известуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објават согласно законските прописи во најбрз можен рок.

Continue Reading

МЖСПП: Поддршка за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание“, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола. Овој стратешки документ е клучниот чекор од денешниот настан, со кој се дефинира петгодишната рамка за воведување на европските стандарди, истакнуваат од Министерството …

Continue Reading

„Ако Реал Мадрид го сака Мурињо, тоа значи дека се без план“

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Јержи Дудек, смета дека враќањето на Жозе Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“ е чекор назад за Реал Мадрид. Според него, клубот треба да има појасна долгорочна визија. Тој особено нагласи дека дури и за време на првиот мандат на Мурињо, атмосферата во соблекувалната не била идеална. Потсети дека некои играчи немале голема верба во тогашниот тренер. …

Continue Reading

ПОЦ: Со новиот модел на паркирање до подобра организација на јавниот простор, појасно уредување на правото на користење на повластените услови и намалување на злоупотребите

Во услови кога Центар секојдневно се соочува со огромен број возила, ограничен паркинг простор и зголемен сообраќаен метеж, одржувањето на редот во паркирањето станува едно од клучните прашања за нормално функционирање на градското јадро. Со илјадници возила кои секојдневно поминуваат низ неговите улици, прашањето „каде ќе се паркирам?“ често е првата мисла на секој граѓанин, посочуваат од ЈП Паркинзи на …

Continue Reading

Јокиќ игра за Србија во јули и август

Никола Јокиќ ќе игра за Србија во јули и август, во квалификациите за пласман на Светското првенство, потврди за „Моцартспорт“, селекторот, Душан Алимпијевиќ. Србија прво ќе има дуели со Швајцарија (2 јули) и Босна и Херцеговина (5 јули), во квалификациите за Светското првенство, а како што стојат работите, Алимпијевиќ ќе може да смета на Никола Јокиќ. „Ништо не беше спорно …

Continue Reading