ЗНАМ до СДСМ: против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори?
Општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија од Прилеп упати прашања до СДСМ во врска со историското значење на 11 Октомври и ставовите на партијата за антифашистичката традиција. Реакцијата следува по маршот што СДСМ го организираше на 10 октомври низ улиците на Прилеп, во пресрет на Денот на народното востание. Од прилепската организација на ЗНАМ прашуваат против кого …
Continue Reading
Три автомобили опожарени во Скопје
Турски државјанин пријавил дека вчера, околу 4 часот по полноќ, биле запалени три автомобили. На 10.10.2026 во СВР Скопје О.А.(54) од Турција, со привремен престој во Скопје пријави дека околу 04:00 часот биле опожарени три возила од кои две возила „сеат“ и едно возило „бмв“ сите со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица …
Continue Reading
Шест полицајци под дисциплинска постапка и суспензија поради наводна прекумерна сила врз момчиња
Шест полициски службеници ќе се соочат со дисциплинска постапка и суспензија поради утврдени неправилности во полициското постапување на 7 октомври, кога наводно била употребена прекумерна физичка сила врз момчиња, при што им биле нанесени телесни повреди. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки за целосно расчистување на случајот. Од проверките, видеоснимките …
Continue Reading
Зеленски: Украина ќе престане да напаѓа руски рафинерии ако Москва ги запре ударите врз енергетската инфраструктура
Украина е подготвена да ги запре нападите врз руските нафтени рафинерии доколку Русија престане да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи на реципрочни чекори за деескалација. „Можно е да се прекинат нападите врз енергетската инфраструктура уште денеска, но Путин не го сака тоа. Украина ќе биде подготвена да престане со нападите врз руските нафтени рафинерии …
Continue Reading
„Би дал сè од себе да ја решам секоја мака на народот“, вели Мицкоски
„Секој ден легнувам и станувам со прашањето дали успеваме и дали можеме подобро“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за предизвиците со кои се соочува Владата, состојбата во државата и очекувањата на граѓаните, за време на чествувањето на 11 Октомври. Мицкоски призна дека е тешко да се одговори на сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и дека секојдневно размислува дали …
Continue Reading
„Од кога е срамота да се печали од земјоделие?“: Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за 350.000 евра
„Од кога е срамота да се печали од земјоделие???“, напиша Симона Зорик, сопруга на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, на социјалните мрежи по сведочењето на неговите родители за потеклото на 350.000 евра пронајдени во ѕид од семејната куќа во Неготино. Нејзината реакција следува откако Здравко Ристов и Донка Ристова пред судот тврдеа дека парите се нивна заштеда, стекната со долгогодишна земјоделска …
Continue Reading
Мицкоски: Слободата не е завршена приказна, секоја генерација мора да ја продолжи
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека празникот не треба да биде само ден на сеќавање, туку и поттик за нова одговорност во зачувувањето на слободата. „Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината …
Continue Reading
Левица од Прилеп положи цвеќе на Могилата на непобедените: „Смрт на фашизмот – слобода на народот“
Делегација на Левица, во состав пратеникот и член на Президиумот Сашко Јанчев и прилепските советници Жарко Стевановски и Катерина Пузеска, положи свежо цвеќе на Могилата на непобедените во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Со тоа им оддадоа почит на борците од Народноослободителната борба. Од Левица потсетуваат дека на 11 октомври 1941 година македонските комунисти го …
Continue Reading
СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени
Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт предизвика сомнежи за можна зараза со белодробна чума. Од СЗО велат дека засега нема потврдена дијагноза и дека сè уште не располагаат со доволно информации за целосно да го проценат ризикот по јавното здравје. Руските власти претходно соопштија дека по …
Continue Reading