Од свеќа се запали стан во Гази Баба

Вчера во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила  Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје …

Continue Reading

Кокаин, оружје и полициска опрема најдени во голф

Полициски службеници во Струмица ноќеска лишиле од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско, откако кај него и во неговото возило биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Инцидентот се случил околу 02:00 часот по полноќ, во близина на угостителски објект во Струмица, каде што полицијата извршила контрола врз лицето и возилото во кое се наоѓал. Според информациите, кај него била пронајдена …

Continue Reading

По протестите во Белград приведени 47 лица, а повредени се 17 полицајци

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека во инцидентите по собирот одржан во саботата во Белград биле повредени 17 полициски службеници. Според него, 47 лица биле приведени во просториите на Министерството за внатрешни работи, а едно од нив поседувало дипломатска легитимација. Дачиќ изјави дека полицијата не нападнала никого сè додека не биле нападнати полициските службеници …

Continue Reading

(Фото+Видео) По децении запуштеност, започна чистењето на Железничката станица во Скопје

Железничката станица во Скопје, која со години беше оставена на работ на функционалноста и хигиената, конечно се чисти и уредува. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски, информираше дека е започната акција за враќање на репрезентативниот изглед на овој објект. Според Ивановски, децениската институционална и општествена негрижа ја претвориле станицата во нерепрезентативен објект „накитен“ со билборди, нелегални …

Continue Reading

Ердоган му понуди на Трамп помош за спроведување договор со Иран

Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, при што изјави дека Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка во фазата на спроведување на евентуален договор со Иран. На состанокот, кој се одржа преку видеоврска, учествувале и кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Ал Калифа, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, катарскиот …

Continue Reading

Пожарникари упаднаа во станот на полскиот претседател поради лажна дојава за пожар

Лажна дојава за пожар во домот на полскиот претседател Карол Навроцки довела до интервенција на пожарникари, кои насилно влегле во неговиот стан во Гдањск, пренесоа денеска полските медиуми. Портпаролот на полскиот претседател, Рафал Лешкјевич, на социјалните мрежи соопшти дека вчера повторно бил упатен лажен повик на бројот за итни случаи 112, а овојпат бил поврзан со куќата на претседателот Навроцки. …

Continue Reading

Левица најавува иницијатива до Уставен суд за измените на Законот за минерални суровини

Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини, со образложение дека тие содржат сериозни законски и уставни прекршувања и дека се носат во корист на рударското лоби. Пратеникот Сашко Јанчев истакна дека граѓаните во изминатата деценија континуирано се спротивставуваат на отворањето рудници преку протести, трибини, блокади и локални …

Continue Reading

Гаши: Наследството на Светите Кирил и Методиј – инспирација за зачувување на универзалните вредности

Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, дијалогот и почитувањето меѓу народите, пишува во денешната честитка на собранискиот претседател Африм Гаши. – По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и …

Continue Reading

Над 200 сомнителни смртни случаи од ебола во Конго

Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени …

Continue Reading