Русија објави: Извозот на дизел започнува веднаш


14325391.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија делумно ја укина забраната за извоз на дизел по договорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти владата во Москва.


„Владата одлучи делумно да ја укине руската забрана за извоз на дизел. Целта на одлуката е спроведување на договорот постигнат меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп“, се наведува во соопштението на владата, пренесено од руската новинска агенција ТАСС.

Одлуката стапи на сила на 10 октомври и во тековната фаза ќе овозможи испорака на 500.000 тони дизел на глобалниот пазар, соопшти руската влада.

„Во согласност со оваа одлука, руските нафтени компании веднаш ќе почнат да склучуваат договори за испорака на дизел гориво со странски партнери, во координација со владата“, се додава во соопштението.

Одлуката нема да влијае врз интересите на руските потрошувачи бидејќи домашниот пазар е добро снабден, нагласи вицепремиерот Александар Новак.

Во меѓувреме, во петокот, американската влада издаде општа дозвола за испорака на руски дизел на глобалните пазари до 7 април 2027 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK