Сонце наутро, нестабилност попладне: Следуваат неколку дена со дожд и грмежи
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. …
Continue Reading
Иран со остра закана до САД и Израел: Ако направите уште една грешка, регионот ќе стане пекол за вас
Иранскиот Совет за национална безбедност ги предупреди САД и Израел да не направат „уште една грешка“, порачувајќи дека во спротивно регионот ќе стане „пекол“ за нив. Во пораката што ја пренесе иранската државна агенција Мехр, секретарот на Советот, Мохамад Багер Золгадр, изјави: „47 години и 100 дена отпор – од бојните полиња до градските плоштади, од градските плоштади до арената …
Continue Reading
Лавров: Исходот од војната во Украина ќе го реши оружјето, а не преговорите
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека исходот од војната во Украина ќе биде одреден на бојното поле, а не преку преговори, пренесува Еуроњуз. Тој остро го критикуваше отвореното писмо што украинскиот претседател Володимир Зеленски му го упати на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека таквиот потег покажува оти Киев нема интерес за преговори. Лавров го повтори и …
Continue Reading
МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“
Министерството за правда констатира дека Дејанчо Цветановски од ЛДП пласира невистинити и тенденциозни тврдења во врска со работата на Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик. „Особено е нејасно како Цветановски зборува за процес што наводно се водел „зад затворени врати“, кога токму тој како претставник на ЛДП активно учествува во работата на групата, присуствува на состаноците и …
Continue Reading
Комисиите во прво читање ги поддржаа законите за судска и јавнообвинителска служба: Нов статус, кариерен развој и нов систем на плати
Собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во прво читање ги поддржаа Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба, кои претставуваат дел од клучниот реформски пакет за зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството. Двата закона се подготвени во рамки на обврските утврдени во Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство …
Continue Reading
Иран тврди: Во израелските напади има 15 повредени, засега нема загинати
Шефот на иранските служби за итни случаи, Џафар Миадфар, денеска изјави дека во неодамнешните израелски напади се повредени 15 лица, а засега нема загинати, пренесе Анадолија. Миадфар, кој раководи со Иранската организација за итни интервенции, изјави дека 14 повредени се регистрирани во округот Махшахр во југозападната покраина Хузестан, додека едно лице е повредено во Техеран, пренесе полуофицијалната новинска агенција Тасним. …
Continue Reading
Пакистанскиот премиер повика на воздржаност: Мирот е на дофат, да му дадеме уште една шанса
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги повика сите страни на воздржаност со цел да се зачува мирот, особено во момент кога конечната цел е речиси на дофат, порача тој во објава на социјалните мрежи. Претходно, иранската војска соопшти дека ќе ги прекине нападите врз Израел, но предупреди дека ќе одговори уште посилно доколку продолжат нападите врз Либан. Израелските медиуми, пак, објавија …
Continue Reading
Изборните реформи влегуваат во завршна фаза
Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик. На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што …
Continue Reading
(Видео) Трамп прекина интервју, кон новинарката „Или си корумпирана или си глупава“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прекина интервјуто со Кристен Велкер и „NBC News“, обвинувајќи ја новинарката дека е „или корумпирана или глупава“. Интервјуто беше емитувано во емисијата „Meet the Press“, а американскиот претседател се налути од коментарот на новинарката дека претседателот нема докази за обвинувањата дека прелиминарните избори за гувернер на Калифорнија биле наместени, исто како што нема докази …
Continue Reading