Астролозите најавуваат еден од најсреќните денови во годината: Седум знаци ќе имаат најмногу среќа

На 9 јуни ќе се случи конјункција на Венера, планетата на љубовта, и Јупитер, планетата на среќата и изобилството, а астролозите сметаат дека тоа е еден од најповолните денови во годината. Според астролошките толкувања, овој транзит носи можност за убави вести, позитивни пресврти и пријатни изненадувања, а најголема корист од него ќе имаат седум хороскопски знаци. Најмногу среќа се предвидува …

Continue Reading

Бајден откри детали од непријатното возење со Меланија Трамп во своите мемоари

Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, во своите нови мемоари „View from the East Wing“ откри детали од заедничкото возење со Меланија Трамп на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари 2025 година. Бајден пишува дека атмосферата била толку напната што меѓу нив седел Џон Беслер, сопруг на сенаторката Ејми Клобучар, кој се обидувал да го одржи разговорот …

Continue Reading

Лекарска комора ги додели годишните признанија и награди

Во Домот на културата во Кавадарци се одржа свечена манифестација по повод одбележувањето на 34 години од основањето на Лекарска комора на Република Северна Македонија. На настанот присуствуваа високи претставници на здравствените и образовните институции меѓу кои заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување д-р Сашо Клековски, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, деканите на медицинските факултети, …

Continue Reading

Новиот клинички центар сѐ уште е планиран кај „Борис Трајковски“, Владата преговара за земјиштето

Изградбата на нов клинички центар во Скопје и понатаму се планира во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а Владата веќе преговара со сопственикот на земјиштето за обезбедување на локацијата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Според владиниот план, новиот здравствен комплекс треба да биде поврзан со ГОБ „8 Септември“ преку подземен тунел, со што на едно место би се интегрирале повеќе …

Continue Reading

Добитник на „Греми“ награда избоден до смрт во Лондон

Пејачот и текстописец Талај Рајли, чие вистинско име е Марк Орабији, почина на 35-годишна возраст откако бил избоден во источен Лондон, објави Скај њуз. Полицијата соопшти дека музичарот бил пронајден со убодни рани во населбата Силвертаун во петокот и починал на местото на нападот. Рајли беше добитник на Греми награда и соработуваше со голем број познати изведувачи, меѓу кои Дуа …

Continue Reading

Поради интервенција на водоводна мрежа, утре без вода делoви од Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека на 9 јуни 2026 година (вторник) ќе има прекин на водоснабдувањето за дел од корисниците во Општина Центар. Прекинот е поради затворање на водоводен вод по барање на корисник кој има внатрешен дефект на адреса улица „Даме Груев“ 7/8. Без вода ќе останат дел од корисниците на булеварите „Кирил и Методиј“ и „Димитрие …

Continue Reading

ЕУ објави колку ја чинеше досега војната на Блискиот Исток

Војната на Блискиот Исток во изминатите сто дена ги зголемила трошоците за увоз на енергија во Европската Унија за 47 милијарди евра, изјави денеска портпаролката на Европската комисија. „Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во последните сто дена. Тоа е цената што ја плаќаме, а притоа не увезовме ниту една капка …

Continue Reading

Под сомнеж за тероризам уапсен хотелски работник на Крит – грчките власти нашле докази

Триесет и седумгодишен Палестинец, кој добил азил во Грција, беше уапсен за време на викендот и обвинет за терористички дела поврзани со палестинската милитантна група Хамас, објави денеска Атинската новинска агенција. Според полициски извори, мажот пристигнал во Грција од Појасот Газа пред околу една година и добил азил. Тој бил уапсен во саботата на островот Крит, каде што работел во …

Continue Reading

Нетанјаху: Иран и Хезболах се послаби од кога било, но нашата борба не е завршена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел засега ќе ги прекине нападите врз Иран, но нагласи дека борбата против Техеран и Хезболах не е завршена и дека Израел ќе продолжи да одговара на секој напад врз својата територија. „По нападот на Иран врз Израел, им наредив на Израелските одбранбени сили да нападнат воени и економски цели низ Иран“, рече Нетанјаху …

Continue Reading