Репрезентативец на БиХ предизвика бизарен скандал, го бркале шест патроли

Фудбалерот на Њукасл и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ, се најде во фокусот на необичен полициски инцидент во близина на Њукасл, откако неговата попладневна прошетка ги вознемири минувачите и предизвика потера од страна на полицијата. Загрижени граѓани пријавиле во полицијата во Нортумбрија двајца мажи кои вооружени се движеле кај резерворарот, на патеката кај Харлоу Хил. Бидејќи англискиот закон, …

Continue Reading

(Видео) Спалети бесен на својот играч, камерите ја снимија жестока реакција

Јувентус ја оствари втората последователна победа, но тренерот на „старата дама“, Лучано Спалети, не беше задоволен од играта на своите играчи. По триумфот над АЗ Алкмар (2:1) во четвртото коло од Лигата на Европа, италијанскиот стручњак ги загуби нервите и бурно реагираше кон својот играч Хуан Кабал. Во Холандија, Јувентус водеше со 2:0 со головите на Теун Копмајнерс во 19-тата …

Continue Reading

Поранешна турска министерка во притвор поради финансиски скандал вреден милиони евра

Судoт во Истанбул ѝ одреди притвор на поранешната турска министерка за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја, во рамки на истрага за финансиски неправилности поврзани со кризата во инвестициските фондови во Турција, пренесува „Ројтерс“. Според турската агенција „Анадолу“, Каја, која беше министерка од 2016 до 2018 година, е осомничена за прекршување на законот за пазарот на капитал и …

Continue Reading

Трамп најави голем, прекрасен договор за Украина, кој би можел да ја опфати цела Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во четвртокот имал приватна средба со специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, откако рускиот претставник присуствувал на настан во Белата куќа заедно со претставници на Украина, организиран од американската прва дама Меланија Трамп. Трамп не сакаше да открие за што разговарал со Дмитриев, но предвиде дека наскоро би можел да биде …

Continue Reading

Зеленски: Опасно е кога човек како Илон Маск има толку голема моќ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека сè поголемото политичко влијание на милијардерот Илон Маск претставува опасност за помалите држави. Истовремено, изрази надеж дека победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес ќе донесе поголема воена помош за Украина и ќе го принуди рускиот претседател Владимир Путин на преговори. Зеленски во интервју со германскиот сатиричар Јан Бемерман за емисијата „Магазин Ројал“ …

Continue Reading

(Видео) Стеф Кари го реши и Мајами

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, во ноќта помеѓу четврток и петок, забележаа рутинска победа во дуелот со Мајами Хит, 120:100. За Вориорс, по лошиот почеток на сезоната со три порази, ова е дури шеста победа по ред, додека Мајами Хит го претрпеа шестиот пораз и сега се на 3-6. Мајами добро се држеше до третата четвртина, која мина во апсолутна …

Continue Reading

СДСМ: Ниту едно од двете сценарија на Мицкоски за Алта банка не е одржливо

Двете сценарија што премиерот Христијан Мицкоски ги посочува за Алта банка – пронаоѓање купувач или стечај – се неодржливи, оценува СДСМ во соопштение, во кое обвинува дека премиерот не ја кажува вистината за состојбата со банката и судбината на парите на граѓаните и јавните претпријатија. Од партијата бараат одговор колку јавни средства има во Алта банка и врз основа на …

Continue Reading

Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

Италијански готвач добил отказ во ресторан во Бризбејн, Австралија, бидејќи одбил да стави ананас на пица, сметајќи дека тоа претставува „навреда за неговата култура“, пренесува Би-би-си. Давиде Тамбурела бил отпуштен од ресторанот „Ла Коста“ во мај, а деталите за случајот станале јавни откако се обратил до Комисијата за работни односи. Во одлуката на Комисијата се наведува дека Тамбурела одбил да …

Continue Reading

Затвореник во Германија избегал со помош на клуч купен на интернет за помалку од 10 евра

Затвореник кој успеал да избега за време на посета на лекар во германскиот град Есен ги отклучил оковите на нозете со помош на клуч што може да се купи на интернет за помалку од 10 евра, објави денеска германскиот весник „Шпигел“. Министерот за правда на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, Бенјамин Лимбах, на доверлив состанок го информирал Одборот за правда на …

Continue Reading