„Гардијан“: Русија договорила испорака на 90 ракетни лансери за Иран

Русија се договорила со Иран за испорака на 90 лансери за напредни наведувани ракети, покажуваат интерни документи на руската одбранбена индустрија, до кои дошла украинската приватна разузнавачка компанија „Далас аналитикс“, а ги објави британски „Гардијан“. Станува збор за лансери за наведувани ракети ЛМУР, кои се истрелуваат од борбени хеликоптери и кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Според …

Continue Reading

Пад на светските берзи по американските избори, технолошките компании изгубија милијарди долари

Американските и азиските технолошки компании изгубија стотици милијарди долари пазарна вредност по остриот пад на светските берзи, предизвикан од загриженоста дека изборната победа на демократите во САД може да го забави развојот на вештачката интелигенција. Само седумте најголеми американски технолошки компании, познати како „Величествената седумка“, за еден ден изгубија вкупно еден билион долари пазарна вредност. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за …

Continue Reading

Трамп: Можеби ќе мора повторно да го нападнеме Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе одлучи дали САД ќе продолжат со воените напади врз Иран, со цел да спречат обновување на иранската нуклеарна програма. По состанокот со советниците за национална безбедност, Трамп изјави дека Вашингтон веќе ги постигнал своите цели во Иран, но не ја исклучи можноста за нови воени операции. „Повеќе би сакал да не го …

Continue Reading

Невестата побара да се здебелам за таа да изгледа послабо на свадбата, раскажа деверуша на социјалните мрежи

Девојка по име Џеки на Тикток споделила необично барање што ѝ го поставила нејзината најдобра пријателка пред свадбата. Според нејзиното сведоштво, невестата побарала од неа да се здебели за таа да изгледа послабо на свадбените фотографии. Џеки раскажала дека пријателката Ники ја поканила на ручек и ја замолила да ѝ биде деверуша на свадбата закажана за декември следната година. Таа …

Continue Reading

Андерфест повторно ја обединува алтернативната музичка сцена

Во петок на 6 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи осмото издание на Андерфест, фестивал кој ја промовира алтернативната музика и новите музички имиња на домашната сцена. Програмата оваа година ги обединува Мамут, Корка, Eurokrem и Replays од Roma Rock School, Princess Donatsu, Крул, Гној и Фанк Шуи. Различните музички стилови и препознатливиот звук на изведувачите …

Continue Reading

„Ме погоди како гром од ведро небо“: Херцог изненаден од најавата на Трамп за прекин на воената помош за Израел

Израелскиот претседател Исак Херцог изрази загриженост поради најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја прекинат воената помош за Израел до крајот на годинава, две години пред истекот на важечкиот договор, пренесува Си-ен-ен. Според договорот, Израел годишно добива 3,8 милијарди долари американска воена помош, главно наменета за набавка на американско вооружување. „Прашањето за американската помош многу ме загрижува. …

Continue Reading

Трамп го прогласи Овалниот кабинет за национален споменик

Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Овалниот кабинет во Белата куќа за национален споменик, со цел да го заштити неговиот историски и архитектонски изглед од значителни промени во иднина, пренесува „Би-би-си“. Трамп во четвртокот (5 ноември) потпиша претседателски проглас со кој посебен статус добија Овалниот кабинет, соседните простории и салата за состаноци со членовите на администрацијата. „Го прогласуваме за национален …

Continue Reading

Зеленски бара помош: Сите електрани во Украина се оштетени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на латиноамериканските земји итно да помогнат во обновувањето на украинскиот енергетски систем, кој е под постојани руски напади. На 30. Ибероамерикански самит во Мадрид, Зеленски изјави дека сите електрани во Украина се оштетени на еден или друг начин, пренесува „Еуроњуз“. „Ни треба опрема што е компатибилна со нашата мрежа и ни треба брзо. …

Continue Reading

Во Перу уапсени тројца Европејци кои шверцувале над 3.000 тарантули скриени во валкани чорапи

Повеќе од 3.000 тарантули биле запленети на аеродромот во Лима, главниот град на Перу, при обид за нивно шверцување во Германија, соопштија перуанските власти, пренесува АФП. Пајаците биле скриени во валкани чорапи распоредени во три куфери што ги носеле двајца германски и еден полски државјанин, соопшти Националната служба за шуми и диви животни на Перу (СЕРФОР). Шверцот бил откриен при …

Continue Reading