Гутереш ги предупредува Израел и Либан: Веднаш прекинете ги операциите, ова може да предизвика конфликт со разорни последици

Guteres-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди на ризикот од избувнување на поширок конфликт долж израелско-либанската граница и повика на прекин на непријателствата долж демаркационата линија меѓу Либан и Израел.


„Со оглед на тоа што продолжува размената на оган долж демаркационата линија, генералниот секретар ги повторува своите повици до двете страни веднаш да го прекинат огнот.

Оваа размена на оган може да предизвика поширок конфликт со разорни последици за целиот регион“, рече портпаролот на ОН Стефан Дижарик, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Гутереш, исто така, повика на усогласеност со резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, со која заврши војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

Размената на артилериски оган меѓу Израел и групата Хезболах во Либан се интензивираше во последниве денови, според „Тајмс на Израел“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој во средата го посети северниот, пограничен дел на Израел, предупреди дека Израел е „подготвен за многу интензивна операција“ долж границата со Либан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK