Експлозија во Романија, повредени најмалку 13 лица

Хорор-во-Букурешт-Жена-скокнала-од-5-ти-кат-паднала-врз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку 13 лица се повредени денеска во експлозија во трговски центар во североисточна Романија, соопштија локалните власти.

Еден од повредените е во тешка состојба и е интубиран, а 10 се со различни трауматски повреди и изгореници и добиле лекарска помош, пренесува АП.

Мобилна единица за интензивна нега е испратена на местото на експлозијата во градот Ботошана, во областа Сучава, соопшти итната помош.

Ангажирани се хеликоптери на Брза помош, а на терен се испратени две возила на брза помош и две противпожарни возила за гаснење на пожарот.

Според првите извештаи, засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата, ниту дали се повредени клиенти или членови на персоналот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK