Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави видео на „Икс“, порано „Твитер“, за кое тврди дека покажува инцидент што се случил на 1 јуни меѓу селата Красиво и Головчино.
“A man was killed there, it crushed him!” – a tank ran over a civilian in Russia’s Belgorod region.
Eyewitnesses posted videos from the scene of the incident. It reportedly happened on June 1 between the villages of Krasivo and Golovchino.
Belgorod residents claim that the tank… pic.twitter.com/gISZ6L9cmz
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 5, 2024
Тој тврди дека тенк прегазил цивил и ја споделил снимката која, како што тврди, ја објавиле очевидци од местото на инцидентот.
Жителите на Белгород, тврди Герашченко, велат дека тенкот се качил на патот од полето, го прегазил автомобилот во кој се наоѓал човекот, а потоа се обидел да побегне.