Британија воведува банкноти со ликот на Чарлс, речиси две години откако стана крал

funti-charls.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Банкноти со ликот на кралот Чарлс стапија во оптек во Велика Британија денеска, речиси две години откако тој ја наследи покојната кралица Елизабета како монарх.

Сликата на Чарлс ќе се појави на новите банкноти на Банката на Англија од 5, 10, 20 и 50 фунти. Постојните банкноти со ликот на Елизабета ќе продолжат да се користат.

Ова е во согласност со препораките „да се минимизира финансиското влијание на оваа промена и последиците врз животната средина. Тоа значи дека јавноста многу постепено ќе почне да гледа банкноти (со ликот на) кралот Чарлс III“, соопшти Банката на Англија.

Елизабета беше првиот монарх што се појави на британските банкноти, додека монетите во Англија прикажуваа слики на кралеви и кралици повеќе од 1.000 години.

Дизајнот на новите банкноти беше откриен во декември 2022 година, набргу откако стапија во употреба монетите со ликот на Чарлс. Освен новиот крал, дизајнот на банкнотите не се промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK