Жозе Мурињо од наредната сезона ќе го предводи Фенербахче. Инсајдерот, Џанлика Ди Марцио и бројни турски медиуми ја пренесоа оваа информација. Според овие извори, Португалецот два часа преговарал со претседателот на клубот Азиз Јилдирим.
Популарниот тренер ќе потпише двегодишен договор со Фенербахче. Мурињо е без работа од почеткот на годината кога доби отказ во Рома.
Иако се шпекулираше дека ќе продолжи да работи во Саудиска Арабија, Англија или дури и дома во Португалија, Жозе реши да замине на Босфорот.
Мурињо е еден од најдобрите тренери на 21 век. Тој ги водеше Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома. Четири пати беше прогласуван за најдобар тренер на годината, двапати ја освои Лигата на шампионите, а на тоа додаде уште 26 клупски трофеи.