Расте црниот биланс од пожарот во Чиле: Над 120 загинати, тела закопани во урнатините

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат низ централно Чиле се искачи на 122, а екипите за брза помош сè уште наоѓаат тела закопани во урнатините три дена по избувнувањето на пожарот.



Пожарникарите и војската ги расчистуваат остатоците во станбените области на крајбрежните градови Валпараисо и Вина Дел Мар, каде огнот за неколку минути ги зафатил домовите, пренесува Ројтерс.

Пожарите што избувнаа во централниот дел на Чиле кон крајот на минатата недела се разгореа и се проширија во текот на викендот, пустошејќи ги крајбрежните градски зони Вина дел Мар и Валпараисо.

Стотици луѓе се водат како исчезнати, а околу 14.000 куќи се оштетени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK