(Видео) Миовски стрелец, Абердин поразен на „Ајброкс“

По Селтик, Бојан Миовски ја погоди и мреата на Глазгов Ренџерс, но за разлика од натпреварот со Келтите, изминатиот викенд, вечерва Абердин не успеа да го избегне поразот. Абердин гостуваше на „Ајброкс“ кај Ренџерс, а Миовски во 45 минута го изедначи резултатот на 1:1. За македонскиот репрезентативец ова беше 13. гол во Премиер лигата на Шкотска. 🏴󠁧󠁢󠁳󠁣󠁴󠁿 Goal: Bojan Miovski …

Continue Reading

(Видео) Ибрахимовиќ повторно приреди шоу на Сан Ремо

Златан Ибрахимовиќ и „Сан Ремо“ станаа совршена комбинација, а Швеѓанецот и годинава направи шоу. По песната „Јутро је“ на Нада Топчагиќ, која стана голем хит во Италија, овој пат на сцената настапи со хитот на Лепа Брена „Луда за тобом“. Потоа добро се забавуваше со водителот на програмата. „Што правам овде? Се прашувам што правиш ти? Кога заедно ја водевме …

Continue Reading

Тре Јанг и Скот Барнс нови членови на Ол-стар натпреварот

Скот Барнс и Тре Јанг добија повик од комесарот на НБА лигата, Дејвид Силвер да настапат на Ол стар натпреварот. Барнс и Јанг ќе настапата на местата на повредените Џоел Ембид и Џулиус Рендл. Ова ќе биде трет пат за Јанг да учествува на НБА Ол-стар натпреварот, додека кошаркарот на Торонто, Скот Барнс, првпат ќе настапи на овој натпревар. Сезонава …

Continue Reading

Милијардер кој двапати беше претседател на Чиле загина во хеликоптерска несреќа

Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пинера загина денеска во хеликоптерска несреќа на југот на земјата, објави локалниот медиум Ла Терцера. Три извори потврдија за Ројтерс дека Пинера загинал во несреќата. Чилеанскиот милијардер беше претседател на земјата во два мандати, од 2010 до 2014 година и од 2018 до 2022 година. Владини извори, цитирани од Ла Терцера, изјавија дека четири лица патувале …

Continue Reading

Русите ги поканија на разговор балтичките дипломати и ги обвинија: „Ги саботирате изборите“

Русија го повика на разговор вршителот на должноста на амбасадите на трите балтички земји, за кои тврди дека ги „саботираат“ претстојните руски претседателски избори во март. Русија ги обвинува Естонија, Литванија и Латвија, три поранешни советски републики, дека ги „саботираат“ тие избори и одбиваат да ги обезбедат избирачките места во руските амбасади на нивна територија. Трите земји имаат значителни руски …

Continue Reading

Ненадејно почина 20-годишен фудбалски судија од Хрватска

Почина младиот фудбалски судија и пливач, 20-годишниот Иван Бусато, објавија хрватските медиуми. Тој минатата година го освои првото место на хрватскиот шампионат за сениори во дисциплината 1.500 метри слободно. Бил член и на пливачкиот клуб „Јадран“. „Вчера, ненадејно, на 20-годишна возраст почина Иван Бусато, фудбалски судија на НСЖСД. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството“, пишува во соопштението на фудбалскиот …

Continue Reading

Хамас одговори на предлогот за прекин на огнот, Блинкен одби да открие детали

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД го разгледуваат одговорот на Хамас на пробниот договор за ослободување на заложниците како дел од продолжената пауза во борбите во Газа. Блинкен на прес-конференција во Катар рече дека ќе разговара за одговорот на Хамас со израелските власти кога ќе ја посети земјата утре. Тој одби да открие детали за одговорот на …

Continue Reading

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион 2024 – АНТЕНАТАЛЕН БАРТЕРОВ СИНДРОМ/ ANTENATAL BARTTER SYNDROME (ABS)

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки …

Continue Reading

(Видео) Историска пресуда во САД: Мајка прогласена за виновна – не го спречила синот да убие четворица ученици

Поротата прогласи мајка од Мичиген за виновна за ненамерно убиство бидејќи не го спречила својот син да изврши смртоносно пукање во училиште. Џенифер Крамбли (45) е првиот родител во САД кој е осуден за убиство од небрежност за масовно пукање кое го извршило нејзиното дете. Обвинителите ја обвинија дека небрежно му дозволила на нејзиниот син да го има пиштолот и …

Continue Reading