Огнената стихија во скопски Илинден е под контрола.
На терен остануваат скопските пожарникари кои треба да го изгаснат целосно.
Во меѓувреме, ЦУК информира за нов опасен пожар.
„Пожарот кај Ајватовци е локализиран. Се работи на негово догаснување. Во овој момент, хеликоптерите се повлекуваат. За жал, се појави нов пожар на територија на општина Зелениково. Таму патува еден армиски хеликоптер. Пожарот добива сериозни димензии, навлегува во квалитетна шума“, вели директорот на ЦУК, Ангелов.