Во Крива Паланка промовиран музејски клуб „Егри Дере“ по повод Денот на музеите

кп
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градскиот музеј Крива Паланка по повод 18 Мај – Денот на музеите, го промовираше музејскиот клуб „Егри Дере“ во кој првите десет почесни членови се значајни соработници од истражувања од различни области, учестувале на заеднички поголеми проекти, дале придонес за историјата на Крива Паланка.

– Името на клубот е Егри Дере, именка со која почнува се во градот: именувањето на градот во времето на Отоманската империја, именувањето на регионот, именувањето на населението коешто живеело во нашито регион, ние сме еден од ретките градови што има датум на основање и „извод на раѓање“, тоа е плоча од основањето на градот од 1633 година и затоа клубот го носи тоа име. Во клубот ќе членуваат истражувачи, без оглед на тоа дали се од областа на археологијата, историја на уметност, архитектура, културно наследство и слично, но може да членуваат и љубители на минатото и историјата кои во еден репрезентативен или дебатен начин ќе бидат активни во клубот, рече директорот на ЛУ Градски мзуеј, Крива Паланка, Драган Величковски.


Главна цел на клубот е обединување на сите градски интелектуалци, вљубеници во историјата на нашиот град, сегашни и идни истражувачи со подршка на музејот во нивна презентација и афирмација. Репрезентативните членови на клубот Градскиот музеј ги селектира во своето петнаесетгодишно  работење.

– Клубот ќе биде отворен за сите граѓани на Крива Паланка и околината кои пројавуваат интерес за историјата, не само на гардот, туку на нивните села, фамилии. Сето тоа се истражувачи кои доколку се посветат на тоа можат да дадат придонес во осветлување на минатото и историјата на градот и регионот, додаде Величковски.

Клубот има десетмина почесни членови: Александар Маџовски, историчар, Милан МИтовски, археолог, Цоне Крстевски, археолог, Стојанче Величковски, хералдичар и дизајнер, Јордан Михајловски, историчар и публицист, Весна Миовска, лингвист и научен советник, Петар Намичев, архитект, Димитринка Котуровиќ, Стојо Милковски, градежни техничари и Кирила Цветковска, историчар на уметност.

На настанот беа изложени научни трудови и публикации работени со почесните членови и Локална установа Градски музеј, Крива Паланка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK