Николов: Со низа активности се решаваат дел од проблемите на росоманци

росоман
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со низа активности се решаваат дел од проблемите на росоманци, информираше попладнево градоначалникот на Росоман, Стојан Николов. Тој соопшти дека во изминатиот период, Општина Росоман заедно со росоманското јавно претпријатие за комунални дејности, ги извршуваше своите редовни активности и реши дел од проблемите укажани од страна на граѓаните.







– Чистење на тротоарот наспроти пазарчето во Росоман, мулчирање на обраснати површини во Росоман, локалниот пат во село Паликура како и во самото село, чистење на каналот кој ги собира атмосферските води од земјен талог на улицата „Цандо Кузманов”, поставување на крак на фекална канализација на улицата „Пере Тошев” и краци на фекална канализација и водоводна линија на улицата „Илинденска”, како и посадување на трева во дворот на јавната општинска установа детска градинка  ,,Праскичка”, појасни Николов.

Тој нагласи дека Општината, континуирано работи на проекти, за подобрување на условите за живот, како во урбаните, така и во руралните средини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK