Дел од општина Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улицата Kозле – крак 6, како и корисниците од улицата Козле, општина Карпош; – во периодот од 10.00 до 12.00 часот, дел од корисниците лоцирани кај улицата Варшавска 19/3, општина Карпош.
Continue Reading
Ким Џонг-ун повика на распоредување тактичко нуклеарно оружје
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги обиколи построенијата за производство на нуклеарен материјал и за истражување на нуклеарно оружје, при што изјави дека земјата треба да се фокусира на распоредување тактичко нуклеаренo оружје во различни гранки на своите вооружени сили, пренесува севернокорејската државна новинска агенција KCNA. Ким рече дека Северна Кореја систематски ги зголемува своите капацитети за производство на нуклеарен материјал. …
Continue Reading
(Видео) Русите извршија масовен ракетен напад врз Киев
Доцна вечерта на 25 ноември, Русија изврши масовен напад со балистички ракети врз Украина; според надлежните, погоден е трговски центар во Киев. Ова е најновиот во низата руски воздушни напади што се случуваат со приближувањето на зимата, пренесува „Киев индепендент“. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека три лица се повредени. Две лица се пренесени во болница, од кои едното …
Continue Reading
„Нинослав Димов и пријателите“ – камерна музичка средба на саксофон, кларинет и пијано
Во рамки на проектот „Македонски музички текови 2026“, поддржан од Град Скопје, Културно-информативен центар – Скопје најавува камерен концерт „Нинослав Димов и пријателите“, кој ќе се одржи на 30 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Салонот „19’19“. На концертот ќе настапат Нинослав Димов – саксофон, Маја Поповиќ-Караиванова – пијано и Стојан Димов – кларинет, како специјален гостин. …
Continue Reading
Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 30 l/m²). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен ветер …
Continue Reading