Ким Џонг-ун повика на распоредување тактичко нуклеарно оружје


kim-jong-undepositphotos_264656346_xl.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги обиколи построенијата за производство на нуклеарен материјал и за истражување на нуклеарно оружје, при што изјави дека земјата треба да се фокусира на распоредување тактичко нуклеаренo оружје во различни гранки на своите вооружени сили, пренесува севернокорејската државна новинска агенција KCNA.


Ким рече дека Северна Кореја систематски ги зголемува своите капацитети за производство на нуклеарен материјал. И покрај меѓународните повици за денуклеаризација, тој нагласи дека статусот на Северна Кореја како држава со нуклеарно оружје е „апсолутно неповратен“.

Ким продолжува да го проширува нуклеарниот арсенал
Уште во февруари, на конгресот на владејачката Работничка партија, севернокорејскиот лидер најави планови за зголемување на бројот на нуклеарни боеви глави и зајакнување на нуклеарните капацитети на земјата во текот на следните пет години. Во јуни, тој повика на експоненцијално проширување на нуклеарниот арсенал, тврдејќи дека капацитетот за производство на нуклеарен материјал е повеќе од двојно зголемен во изминатите пет години.

Според проценките на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI), Северна Кореја на почетокот на 2026 година поседувала приближно 60 нуклеарни боеви глави. Во август, јужнокорејскиот пратеник Ан Гју-бак изнесе повисока проценка, сугерирајќи дека Пјонгјанг поседува меѓу 80 и 120 единици нуклеарно оружје.

Северна Кореја го спроведе својот прв нуклеарен тест во 2006 година, а последниот во септември 2017 година. И покрај бројните меѓународни санкции, земјата продолжи да ја развива својата нуклеарна и ракетна програма.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK