(Видео) Русите извршија масовен ракетен напад врз Киев


screenshot-2026-11-26-061904.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Доцна вечерта на 25 ноември, Русија изврши масовен напад со балистички ракети врз Украина; според надлежните, погоден е трговски центар во Киев. Ова е најновиот во низата руски воздушни напади што се случуваат со приближувањето на зимата, пренесува „Киев индепендент“.


Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека три лица се повредени. Две лица се пренесени во болница, од кои едното е во тешка состојба.

Сирени за опасност во градот
Кличко исто така потврди дека за време на нападот бил погоден објект во индустриска зона во киевскиот кварт Десњански. Сирените за воздушна опасност се огласија во главниот град и низ голем дел од земјата околу 22:46 часот по локално време, поради заканата од руски балистички ракети.

Руските напади врз украинските градови се секојдневие. Во текот на ноќта кон 25 ноември, при напад врз областа Била Церква во Киевскиот регион, загина едно лице, а беа оштетени комерцијални објекти, потврди официјалниот претставник Тимур Ткаченко.

Еден ден претходно, доцна вечерта на 24 ноември, во напад врз областа Одеса загинаа две лица – меѓу кои и еден тинејџер – а едно лице беше повредено. Истиот ден во Киев, две лица беа повредени при напад врз дворот на една станбена зграда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK