Уште едно дете на Анџелина Џоли и Бред Пит се откажа од презимето „Пит“

Вивиен, 18-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално го отстрани презимето на својот татко. Судија во Калифорнија го одобри нејзиното барање во понеделникот, на 2 ноември, со што таа стана четвртото од шесте деца на поранешната двојка кое законски го променило своето презиме, пренесува „People“. Според судските документи, Вивиен сега се вика Вивиен Маршелин Џоли, наместо Вивиен Маршелин …

Continue Reading

Шефот на Binance по големата кражба: Финансиски сме исклучително стабилни

Ричард Тенг, еден од раководителите на Binance, изјави дека берзата е финансиски исклучително стабилна. Тој, исто така, најави дека наскоро ќе биде објавена детална анализа за сајбер-кражбата од минатата недела, чија вредност изнесува 6,3 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“. Говорејќи на конференцијата „Hong Kong Fintech Week“, Тенг рече дека приливите и одливите на средства „во голема мера се нормализирале“ и дека …

Continue Reading

(Видео) Трамп: Пасторот рече дека ќе ги поведам христијаните кон Ветената земја, токму тоа го направив

Американскиот претседател Доналд Трамп, на републикански предизборен собир во Канзас, изјави дека тој ги одвел христијаните во Ветената земја. Тој раскажа како во 2015 година ја добил поддршката од истакнатиот американски пастор Роберт Џефрис, кој – според Трамп – уште тогаш предвидел дека токму тој ќе биде оној што ќе ги одведе христијаните во Ветената земја. Познавање на Библијата „Роберт …

Continue Reading

Портланд навреме го „затвори“ Јокиќ и победи во Денвер

Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, во НБА беа одиграни 15 натпревари. Портланд победи во Денвер со 118:110. Денвер Нагетсите доминираа во првата четвртина, која ја добија со 31:19. Имаа и +14 во втората четвртина 48:34. Од тој момент, гостите ги зедоа работите во свои раце. Во третата четвртина, дојдоа до предност 82:80, а пресвртот се случи во последната четвртина. …

Continue Reading

Комунална хигиена-Скопје: Во текот на октомври се подигнати и транспортирани 𝟣𝟦 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад

Во текот на месецот октомври, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период, од јавни и сообраќајни површини се отстранети и 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад. Најголемо количество отпад од диви депонии -200 кубни метри- е подигнато …

Continue Reading

МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ

Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“. МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и …

Continue Reading

Недела на јапонски филм во Кинотеката, шест филмски приказни со бесплатен влез

Од 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Недела на јапонски филм. Публиката ќе има можност да проследи шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија – од семејни драми и трилер до анимација и историска приказна. Сите проекции започнуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен. Програмата ќе биде отворена во среда, …

Continue Reading

(Видео) Голден Стејт го победи Феникс – Грин физички се пресмета со Брукс

Голден Стејт Вориорс славеа победа против Феникс Санс 116:113. Натпреварот во Сан Франциско мина во тензична атмосфера, го обележа тепачката меѓу Дрејмонд Грин и Дилон Брукс. Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 34 поени, седум скока и шест асистенции. Нигериецот, Чарлс Баси, постигна 19 поени и имаше осоум скока, дебитантот Руки Ландеборг имаше 16 поени и по пет скока …

Continue Reading

ЛДП: Шлаканица за сите жени – дали „машкиот надзор“ е новата владина политика?!

„Некаков средновековен „машки надзор“ е скандал од невидени димензии, реагира со огорченост Либерално-демократската партија (ЛДП) на огласувањето на коалициониот партнер на власта на национална телевизија, со отворено оправдување на насилството врз жените! Ова е директен атак врз достоинството, слободата и безбедноста на секоја жена во Македонија. Го прашуваме Премиерот да одговори веднаш: дали ова е официјалниот став на Владата и …

Continue Reading