(Видео) Трамп: Пасторот рече дека ќе ги поведам христијаните кон Ветената земја, токму тоа го направив


14386125.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп, на републикански предизборен собир во Канзас, изјави дека тој ги одвел христијаните во Ветената земја. Тој раскажа како во 2015 година ја добил поддршката од истакнатиот американски пастор Роберт Џефрис, кој – според Трамп – уште тогаш предвидел дека токму тој ќе биде оној што ќе ги одведе христијаните во Ветената земја.


Познавање на Библијата
„Роберт Џефрис, пастор од Далас, ме поддржуваше уште од самиот почеток. Уште во 2015 година, тој рече: ’Го поддржувам Доналд Трамп. Можеби тој нема прочитано толку многу од Библијата како некои од нас и можеби не е највешт во цитирањето библиски стихови, но тој е најсилниот лидер и токму тој ќе нè одведе нас, христијаните, во Ветената земја‘“, раскажа Трамп.

„И го направив тоа. Го направив тоа“, изјави американскиот претседател, признавајќи дека не бил сигурен како да реагира на таквата поддршка. „Не знаев дали да се радувам или не кога го кажа тоа“, забележа тој.

Потоа, Трамп го спореди познавањето на Библијата кај поранешните американски претседатели Роналд Реган и Џими Картер. „Реган не ја познаваше Библијата толку добро како некои од неговите противници. Не ја познаваше толку добро како Џими Картер – но Картер никогаш немаше да биде толку добар претседател како Реган“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK