Голден Стејт Вориорс славеа победа против Феникс Санс 116:113. Натпреварот во Сан Франциско мина во тензична атмосфера, го обележа тепачката меѓу Дрејмонд Грин и Дилон Брукс.
Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 34 поени, седум скока и шест асистенции. Нигериецот, Чарлс Баси, постигна 19 поени и имаше осоум скока, дебитантот Руки Ландеборг имаше 16 поени и по пет скока и асистенции. На другата страна, Букер 26 поени. Ова е петта победа по ред за Вориорс откако ја отворија сезоната со три порази.
Во текот на третата четвртина, играчот на Вориорс, Дрејмонд Грин го собори Каман Малуак на многу груб начин, а во одбрана на соиграчот застана Дилон Брукс.
По туркањето, Грин го зграпчи Брукс за вратот и двајцата играчи добија техничка повреда.
Дрејмонд всушност доби две технички грешки, што значеше дека оди во соблекувалната.
DRAYMOND GREEN VS. DILLON BROOKS. 🍿 pic.twitter.com/sEABZtZYNK
— Hoop Central (@TheHoopCentral) November 3, 2026
Тензиите тука не завршија тука, бидејќи Мајлс Бриџис и Чарлс Баси се судрија подоцна. Бриџис доби техничка повреда, а играчите беа разделени од обезбедувањето.
Foto/ Depositphotos