Семејна веселба се претвори во тепачка – петмина приведени во Броштица

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче. -Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници  лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид. …

Continue Reading

(Видео) Тешка борба со пожарите во земјава, Ангелов апелира да се внимава и соопшти дека гори уште на шест места

Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, …

Continue Reading

Пијани зад волан, без возачки дозволи и сообраќајки: 16 возачи приведени за едно деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. -Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени …

Continue Reading

Хрватската полиција уапси четворица осомничени за предизвикување пожари кај Задар

Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност со предизвикувањето пожари во задарската …

Continue Reading

(Видео) Украина изврши масовен напад со повеќе од 600 дронови врз Москва

Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со повеќе од 600 беспилотни летала насочени кон Москва, соопшти денеска градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин преку Телеграм, а пренесе ДПА. Собјанин наведе дека руската противвоздушна одбрана уништила 201 украински дрон во Московската област, додека поголемиот дел од беспилотните летала биле пресретнати пред да стигнат до регионот. Градоначалникот на Москва соопшти …

Continue Reading

Заспал ли возачот? Автобус се преврте во канал во Унгарија – 12 загинати, 47 повредени

Најмалку 12 луѓе загинаа, а уште 47 се повредени откако автобус со полска регистрација се преврте во Унгарија, на околу 140 километри од главниот град Будимпешта. Несреќата се случила околу 1:00 часот по локално време (2:00 часот по македонско време) ноќеска. Службите за итна помош во Унгарија соопштија дека десетмина од патниците во автобусот добиле тешки повреди, а 37 лица …

Continue Reading

Инзаги го пречкртал Бензема, францускиот ас не сака да си оди од Ал Хилал

Карим Бензема е на списокот на играчи на кои тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета, тврдат медиумите од Саудиска Арабија. Искусниот француски фудбалер дојде во Ал Хилал од Ал Итихад пред само шест месеци, каде што пристигна пред неколку години како голема фудбалска ѕвезда. Ситуацијата очигледно се промени во меѓувреме, во Ал Хилал сакаат промени и во тие планови не …

Continue Reading

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави фотографии и видео од неделната генералка во Скопје

Неделното утро во Скопје започна со активности за почисти и поуредни јавни површини, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Екипите од раните утрински часови се на терен, каде што се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот. Ѓорѓиевски посочува дека одржувањето на чист и уреден град не може да се …

Continue Reading

324 килограми марихуана сокриени во бали хартија: Разбиена балканска мрежа меѓу Македонија, Грција и Турција

Пратката со повеќе од 324 килограми марихуана била сокриена во бали со рециклирана хартија, а случајот се поврзува со организирана мрежа која делувала меѓу Македонија, Грција и Турција. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против едно лице, кое во меѓувреме доби 30-дневен притвор. Според Обвинителството, осомничениот од февруари до 14 август годинава, заедно со …

Continue Reading