(Видео) Украина изврши масовен напад со повеќе од 600 дронови врз Москва


moskva.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со повеќе од 600 беспилотни летала насочени кон Москва, соопшти денеска градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин преку Телеграм, а пренесе ДПА.


Собјанин наведе дека руската противвоздушна одбрана уништила 201 украински дрон во Московската област, додека поголемиот дел од беспилотните летала биле пресретнати пред да стигнат до регионот.

Градоначалникот на Москва соопшти дека тројца луѓе биле ранети во текот на ноќните украински напади, но не даде дополнителни информации за евентуалната материјална штета.

Украинскиот весник на англиски јазик „Киев Индипендент“ објави дека украинските вооружени сили извршиле напади врз магацин во сопственост на рускиот гигант за онлајн трговија „Вајлдберис“, како и врз индустриски објекти во руски градови во поширокиот регион.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK