Заталкани куршуми оштетиле гаража и завршиле во двор во Драчево и Студеничани
Два одделни случаи со заталкани зрна од огнено оружје биле пријавени во СВР Скопје во текот на вчерашната вечер, при што во едниот случај било оштетено покривното платно на гаража. Во 20:45 часот, 39-годишниот С.Ј. од Скопје пријавил дека во близина на неговата куќа, на подрачјето на Драчево, пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Само 25 минути подоцна, во 21:10 …
Continue Reading
Со остар предмет се заканувал на вработена во обложувалница, 20-годишник приведен во Бит Пазар
Дваесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако, според пријавата, со остар предмет се обидел да ограби вработена во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар. На 15 август, околу 19:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје, по претходна пријава дека во обложувалницата ѝ се заканувал на вработената со остар предмет со намера …
Continue Reading
Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан
Повеќе од 700 камиони натоварени со меѓународна хуманитарна помош пристигнаа во Авганистан преку Пакистан и покрај речиси целосното затворање на границата меѓу двете земји, кои се во конфликт една со друга, соопштија денеска ОН. Конвојот е натоварен со „храна и основни хуманитарни производи“, изјави Олга Черевко, портпаролка на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA) во Авганистан. „724 …
Continue Reading
Тешко повредени тројца српски државјани во сообраќајка кај Битола
Тројца српски државјани се здобиле со тешки телесни повреди, а две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Битола–Прилеп, кај местото викано „Петилеп“. Несреќата била пријавена во 17:09 часот во СВР Битола, а во неа учествувале патничко возило бмв со српски национални ознаки, управувано од 46-годишниот Б.С. од Белград, и патничко возило опел …
Continue Reading
Ангелов: Монтажен базен поставен до пожарот кај Драгов Дол, хеликоптерот сега носи по еден тон вода на секои 3–4 минути
Ефикасноста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над селото Драгов Дол, во Општина Македонски Брод, е зголемена со поставување монтажен базен во близина на пожарната линија и реката Треска, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Со поставувањето на базенот, хеликоптерот повеќе нема потреба да лета до езерото Козјак, што претходно траело околу 15 минути. Сега …
Continue Reading
Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. – Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, …
Continue Reading
Ја принудувал сопругата на сексуални односи
Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период. МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство …
Continue Reading
Иран нуди 30.000 долари за секој заробен или убиен американски војник
Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убиство на американски војник, изјави денеска командантот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат исплатени 30.000 долари за заробување или убиство на секој американски војник, јавија техеранските медиуми. САД ја означија Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која официјално е дел од вооружените сили на Исламската Република, како терористичка …
Continue Reading
Спасено повредено лице од непристапен терен на Пелистер
Повредено лице со скршеници на двете потколеници попладнево е спасено од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. Лицето е извлечено и транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер каде ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување. Повикот за помош е примен на Единствениот број за итни повици 112 …
Continue Reading