Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ, велат од Левица за изборот на Дика Георгиевска
ДПМНЕ, партијата што со најголема жестина ја претставуваше Мери Дика Георгиевска како симбол на компромитираното правосудство, денес со сопствени раце ја изгласа за чувар на Уставот. Со изборот на Мери Дика Георгиевска за уставна судијка, ДПМНЕ јавно ги погреба сопствените зборови, прес-конференции и сопствените обвинувања. Потешко политичко самопоништување одамна не е видено, велат од Левица. „Истата личност која и според …
Continue Reading
Хиларија Болдвин за нејзината борба со нарушување во исхраната: Ги броев калориите во пастата за заби
Нарушувањето во исхраната на Хиларија Болдвин било толку екстремно што во еден момент дури и ги броела калориите во пастата за заби. Инструкторката по јога и натпреварувачка во новата риалити серија на Fox „Nation’s Dumbest“ отворено проговори за својата 20-годишна борба во ексклузивно интервју за Page Six Radio на SiriusXM. „Поминав низ сè – анорексија, булимија, прејадување и гладување“, им …
Continue Reading
Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Главен фокус на средбата била динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и проекти во енергетскиот …
Continue Reading
Во Кичево ќе се гради нова болница, инвестицијата е вредна 22,5 милиони евра
Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. „Кичево со децении се соочува …
Continue Reading
ЛДП: Притисокот успеа, Скопје заслужува европска култура, а не европска престолнина на набавки зад затворени врати
Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува одлуката за тргање од дневен ред на спорниот Предлог-закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Според партијата, ова е директна победа на силниот притисок од антикоруптивната јавност, ДКСК, граѓанските организации, како и пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова, кои, како што велат, не дозволија по скратена постапка да се протурка закон …
Continue Reading
Извештај на ЗНМ: Онлајн нападите, економската несигурност и неказнивоста остануваат закана за новинарите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го презентираше Годишниот извештај „Индикатори за степенот на слободата на медиумите и Индекс на безбедноста на новинарите 2025“, кој нуди сеопфатен преглед на медиумските слободи, професионалната независност и безбедноста на новинарите и медиумските работници во Северна Македонија. Извештајот покажува дека во 2025 година се забележани одредени позитивни поместувања, меѓу кои воспоставувањето регистар на онлајн …
Continue Reading
Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и директорот на ЈП Хидросистем „Злетовица“, Златко Стојановски, денес во Пробиштип потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции, со кој се отвора патот за практично спроведување на грантот од 2 милиони американски долари, обезбеден од Светската банка. Грантот е наменет за подготовка на фазата 2 – наводнување и фазата 3 – производство …
Continue Reading
Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје
Групацијата Лимак го назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје. Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Туркије, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија. Санџак Курт е дипломиран градежен …
Continue Reading
СДСМ до Мицкоски: Груевски избега, ти нема да можеш
Криминалецот Христијан Мицкоски повторно се заканува со Обвинителството. Повторно ги злоупотребува семејствата на настраданите во ковид и во модуларната болница. Повторно лажни обвинувања, затоа што е виновен за труење на народот. Повторно си игра со емоциите и чувствата на семејствата на настраданите, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот дека имало пријави за неквалитетна вода во Гостивар уште од 2021 година кога …
Continue Reading