Обвинителството во Црна Гора одреди 72-часовно задржување за Македонката која со автомобил усмрти куче
Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука за задржување до 72 часа на државјанка на Македонија со иницијали С.С., која се сомничи за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“. Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил во близина на Булеварот „Теута“, каде што осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, прегазила домашно куче од расата шарпланинец. Животното, кое …
Continue Reading
Норис освои пол-позиција во Будимпешта, Хамилтон и Антонели казнети
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Унгарија на „Хунгароринг“. Тој со време од 1:17.207 минути беше побрз од сонародникот Луис Хамилтон, кој првично заврши втор, но поради казна ќе стартува од петтата позиција. Казна доби и лидерот во генералниот пласман Кими Антонели, кој не забави доволно под жолта знаме и ќе стартува три места …
Continue Reading
Вардар ја победи Брегланица и ги освои првите три бода во новата сезона
Македонскиот шампион Вардар ја почна одбраната на титулата со сигурна победа над Брегалница (2-0) попладневоо на Националната арена „Тодор Проески“. Стрелци беа Димитар Данев во првото полувреме и Горан Закариќ во 81. минута. Со ова „црвено-црните“ освоија први три бода во новата сезона. По успешниот старт во домашниот шампионат, Вардар го насочува вниманието кон реваншот против Рига во квалификациите за …
Continue Reading
Активни три пожари на отворено
До 18 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и …
Continue Reading
За трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, а 160 за бубрези
Подзаконските акти за Законот за органодарителство – уредбите и правилникот се ставени на јавна расправа на веб-страната на Министерството за здравство по што се очекува да поминат на седница на Владата. Со примената на Законот за органодарителство, најавена за 1 октомври годинава, граѓаните ќе може кај својот матичен лекар да потпишат согласност за органодарителство. Во Велес денеска се одржа панел …
Continue Reading
Безживотно тело на 44-годишен маж најдено покрај река во Хрватска
Безживотно тело на 44-годишен маж е пронајдено денеска попладне покрај реката Босут во хрватскиот град Винковци. Телото било пронајдено околу 15:35 часот од полициски службеници, по што на местото на настанот бил извршен увид по налог на надлежното државно обвинителство, со стручна помош од судски лекар. Според првичните наоди од увидот, не се утврдени елементи што упатуваат на сторено кривично …
Continue Reading
Загина Калилу Траоре (38), поранешен играч на Истра 1961 и ексрепрезентативец на Мали
Поранешниот репрезентативец на Мали и ексиграч на Истра 1961, Калилу Траоре, загина во сообраќајна несреќа вчера, 24 јули, на 38-годишна возраст, објавија локалните медиуми. Веста за неговата прерана смрт ја потресе фудбалската јавност, особено навивачите во Пула, Хрватска, каде што Траоре остави длабока трага. Како дефанзивен играч од средината, Траоре за репрезентацијата на Мали одигра 17 натпревари и постигна еден …
Continue Reading
Жестока порака од Орбан: Унгарија е како Венецуела, но без нафтеното богатство
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан упати остри критики до актуелната власт, оценувајќи дека Унгарија сè повеќе наликува на Венецуела и предупредувајќи на, како што рече, воспоставување авторитарен политички систем. Орбан изјави дека ваквите споредби најпрво ги слушнал од свои американски сојузници, по што и самиот заклучил дека во Венецуела бил развиен политички модел на кој, според него, европската левица со …
Continue Reading
Крадци ја опустошија електровлечната подстаница во Драчево, штетата достигнува пет милиони евра
Во електровлечната подстаница Драчево, која се наоѓа меѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е уништен значителен дел од електроенергетската опрема неопходна за функционирањето на железничката инфраструктура, соопштуваат од Министерството за транспорт. Според информациите од Министерството за транспорт, сторителите насилно превртеле два електроенергетски трансформатори, тешки повеќе од 30 тони. Од нив било испуштено …
Continue Reading