Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна за злоупотреба на средства на Европската Унија, но ѝ ја скрати забраната за вршење јавни функции, со што останува можноста да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. …

Continue Reading

37-годишна жена пронајдена почината во дом во Аеродром

Триесет и седумгодишна жена од Скопје била пронајдена почината во дом на подрачјето на општина Аеродром, информира МВР. Случајот бил пријавен на 6 јули околу 22:45 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

Continue Reading

Заврши СП за Амаду Онана

Белгија е во четвртфиналето на Светското првенство по победата против Соединетите Американски Држави (4:1), но остана без Амаду Онана, кој се повреди во текот на натпреварот. Амаду Онана, по натпреварот мораше да се движи со помош на патерици, а селекторот на Белгија, Руди Гарсија, им рече на новинарите дека повредата е таква што е многу можно ова Светско првенство да …

Continue Reading

Турската полиција приведе демонстранти на протест против НАТО во Анкара

Турската полиција утрово приведе дел од учесниците на протестот против НАТО во центарот на Анкара, каде за време на Самитот на Алијансата е воведена општа забрана за протести и се применуваат строги безбедносни мерки. На снимка објавена од опозицискиот весник „Џумхуријет“ се гледа како полицајци им ставаат лисици на демонстрантите и ги внесуваат во полициски автобус во близина на паркот …

Continue Reading

Вучиќ: Не сум оптимист кога се работи за брзо членство на регионот во ЕУ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Западен Балкан досега не ја разбрал доволно добро важноста на меѓусебната соработка и дека не е оптимист во однос на брзото членство во ЕУ за која било од државите во регионот. „Ме гледаа како песимист и претпазлив човек, но очигледно е дека бев во право. Не мислам дека ЕУ во следните неколку години …

Continue Reading

По напад со нож во Тетово, полицијата пронајде пиштоли, тефтери со евиденција и пари

Две лица се приведени во Тетово по полициски претреси извршени во врска со претходно пријавен случај на насилство, во кој со нож биле повредени две лица, информира МВР. Полициски службеници од СВР Тетово на 6 јули, во периодот од 15 до 18:45 часот, по судска наредба извршиле претреси на две локации кај 38-годишниот Б.И. од Тетово. Во автомобил „цитроен“, сопственост …

Continue Reading

Српски полицајци до 31 август ќе патролираат низ Охрид

Во СВР Охрид денеска беше одржан работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија кои од утре до 31 август, заедно со полициски службеници од македонското Министерство за внатрешни работи, ќе спроведуваат заеднички полициски патроли низ Охрид. Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона …

Continue Reading

Четворица повредени во судир на „бмв“ и „сеат“ во Скопје, 25-годишник со тешки повреди

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на улицата Лазар Личеновски во Скопје, информира МВР. Несреќата била пријавена на 6 јули во 17:50 часот, а во неа учествувале автомобил „бмв“, управуван од 25-годишниот Е.К. од Визбегово, и „сеат леон“, управуван од 48-годишната С.П. од Бразда. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил 25-годишниот Д.С. од Сингелиќ, …

Continue Reading

До 15 јули Фондот ќе рефундира пари за Клексани, од први јули тие се на позитивната листа на лекови

Позитивната листа на лекови од први јули е прошиена со три антикоагуланти, Еноксапарин (Клексан), Надопарин и Ривароксабан кои треба да бидат достапни на рецепта во секоја аптека. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, вели дека иако веќе се на позитивната листа на лекови и за нив пациентите плаќаат само партиципација, системот со рефундирање ќе остане во функција до …

Continue Reading