Заврши СП за Амаду Онана


screenshot-2026-07-07-141453.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белгија е во четвртфиналето на Светското првенство по победата против Соединетите Американски Држави (4:1), но остана без Амаду Онана, кој се повреди во текот на натпреварот.


Амаду Онана, по натпреварот мораше да се движи со помош на патерици, а селекторот на Белгија, Руди Гарсија, им рече на новинарите дека повредата е таква што е многу можно ова Светско првенство да е завршено за Онана.

Онана се судри со Кристијан Пулишиќ, по што Белгиецот веднаш падна на земја и и се фати за десното колено. Лекарите му помогнаа на теренот, по што успеа да стане и да се пресели на клупата, но не можеше да го продолжи натпреварот.

Сега прашањето е за што точно станува збор и дали ќе може да се опорави, но судејќи според изјавата на Гарсија, шансите за тоа се минимални. Некои белгиски медиуми шпекулираат дека Онана го оштетил вкрстениот лигамент, што значи дека му престои подолга пауза.

Белгија ќе игра против Шпанија во четвртфиналето на 10 јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK