(Видео) Трамп: Ги тестирав сојузниците за да видам дали ќе бидат со нас, НАТО ме разочара

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој пристигна во Анкара на Самитот на НАТО, изрази големо разочарување од Алијансата. По пристигнувањето, каде што го пречека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Трамп пред новинарите даде низа остри изјави за членките на НАТО, нивните издвојувања за одбраната и односите со САД. Во турската престолнина претходно пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Скај њуз“. …

Continue Reading

18-годишник без положен возачки испит учествувал во тешка сообраќајка во Тетово

Двајца возачи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, информира МВР. Несреќата била пријавена во 7:30 часот, а во неа учествувале автомобил „бмв“, управуван од 18-годишниот М.Б. од Тетово, кој немал положено возачки испит, и товарно возило „форд“, управувано од 24-годишниот В.Е. од Пршовце. Двајцата возачи се здобиле со тешки …

Continue Reading

Binance вложува 300 милиони долари годишно во усогласеност додека безбедноста станува клучен тест за крипто-индустријата

Безбедноста, отчетноста и заштитата на корисниците стануваат едни од најголемите точки на притисок во светот на дигиталните средства, а Binance одговара со бројки што ја ставаат усогласеноста во центарот на своето глобално работење. Компанијата наведува дека денес вложува околу 300 милиони долари годишно во усогласеност, при што речиси еден од секои четири вработени работи на позиции поврзани со оваа област, …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Нема што СДСМ да се договара со опозицијата за Изборниот законик, проблемот е кај власта

  Намерата на власта не била реформа и подобрување на Изборниот законик, туку изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората, обвини пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска. „Се потврди дека намерата на власта не беше ниту за реформи, ниту за подобрување на Изборниот законик, туку само за изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората“, изјави Тренчевска. Таа …

Continue Reading

Приведен 22-годишник, со пиштол им се заканувал на повеќе лица кај Зелениково

Дваесет и двегодишник од скопското село Страхојадица е приведен по пријава дека им се заканувал со пиштол на повеќе лица кај станицата Зелениково, информира МВР. Според пријавеното, инцидентот се случил на 5 јули околу 21:10 часот, кога В.И.(22), додека бил заедно со 24-годишниот Е.Б., упатувал закани со пиштол кон 41-годишниот И.М. и уште неколку лица. Во пријавата се наведува и …

Continue Reading

Угостителите ги покачија цените на храната, алкохолот и ноќевањата – услугите за 2,6 отсто поскапи од лани

Цените на угостителските услуги во јуни се зголемиле за 0,2 отсто во однос на мај, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. На годишно ниво, односно во споредба со јуни 2025 година, цените на угостителските услуги се повисоки за 2,6 отсто. Во јуни, во однос на претходниот месец, цените на храната во угостителството се зголемиле за 0,2 отсто, на алкохолните …

Continue Reading

Храната и транспортот поевтини во јуни во споредба со мај, поскапеа спортот, културата, рестораните и покуќнината

Инфлацијата во јуни 2026 година, мерена преку индексот на трошоците на животот, во однос на мај изнесува -0,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо месечно намалување на трошоците на животот во јуни е забележано кај транспортот, за 1,6 отсто, и кај храната и безалкохолните пијалаци, за 1,1 отсто. Од друга страна, трошоците за рекреација, спорт и култура …

Continue Reading

Нападнати полицајци во Пласница откако привеле 65-годишник

Три лица од Пласница се осомничени за закани и напад врз полициски службеници, информира МВР. На 6 јули во Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го привеле 65-годишниот Р.Б. од селото, затоа што агресивно се однесувал и им упатувал закани. Откако тој бил лишен од слобода, Е.Д. и А.Д., двајцата од Пласница, физички ги нападнале полициските службеници. Полицијата презема …

Continue Reading

По смртта на градоначалникот на Брвеница се отвора постапка за нови избори

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на неодамна починатиот градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, со што се создаваат законски предуслови за за распишување нови избори за градоначалник. Владината портпаролка Марија Митева информира дека на денешната седница Владата ја разгледала и усвоила информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа за настапување законски основ за предвремен престанок на мандатот по …

Continue Reading