Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка


marin-le-pen-depositphotos_166937084_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна за злоупотреба на средства на Европската Унија, но ѝ ја скрати забраната за вршење јавни функции, со што останува можноста да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.


Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен претходно изјави дека не сака да води претседателска кампања додека носи електронска алка, бидејќи смета дека тоа би ѝ ја отежнало кампањата и би го нарушило нејзиниот кредибилитет како кандидат.

Според пресудата, Ле Пен не смее да врши јавни функции 45 месеци, од кои 30 месеци се условни. Бидејќи веќе отслужила поголем дел од преостанатите 15 месеци забрана, таа ќе може да се кандидира на претседателските избори во април 2027 година.

Сепак, казната со електронски надзор отвора прашање дали Ле Пен воопшто ќе влезе во претседателската трка. Таа вечерва треба да гостува на француската телевизија ТФ1, каде би можела да ги соопшти своите планови за политичката иднина.

Доколку Ле Пен се откаже од кандидатурата, како можен кандидат на Националниот собир се споменува претседателот на партијата Жордан Бардела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK