Спасовски: Со ребалансот капиталните инвестиции достигнуваат 46 милијарди денари, односно зголемување за 14,5% во однос на планираниот буџет

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски кој оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година претставува развоен, реален и финансиски одржлив документ, кој што е во интерес на граѓаните и државата. Тој нагласи дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат 46 милијарди денари, што е зголемување од …

Continue Reading

Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројца осомничени по нападот врз малолетник во Маџари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и …

Continue Reading

Бесплатна психолошка поддршка за средношколците во Скопје

Град Скопје обезбеди бесплатна психолошка поддршка за средношколци, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Нема поважна обврска од тоа да се грижиме за младите, за нивното ментално здравје, нивната безбедност, нивниот мир и чувството дека не се сами. Живееме во време во кое младите често носат тивок товар. Притисоци, стравови, несигурности, предизвици во училиште, дома или во општеството. Понекогаш им е потребен …

Continue Reading

Вашето омилено кафе сега има и совршено друштво – Виталиа во Mikel Coffee

Има нешто посебно во паузата за кафе. Понекогаш таа трае само неколку минути, а понекогаш знае да биде совршен изговор за подолго дружење, разговор или почеток на нови познанства. Токму затоа, отсега во Mikel Coffee ве очекува и Vitalia Corner, место каде што омиленото кафе добива уште подобар вкус. Во фокусот е новата линија Elements Air-Popped Chips – нова генерација …

Continue Reading

Струга ќе биде центар на балканската екологија: Најавен седмиот конгрес на Македонското еколошко друштво

Скопје, 6 јули 2026 година – Од 15 до 18 октомври во Струга ќе се одржи седмиот Конгрес на еколозите на Македонија, со меѓународно учество, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). До ден-денес, Конгресот останува еден од најголемите научни собири на еколозите во регионот, во чиј фокус се еколошките истражувања во последните години. „Науката е тимска работа. Нашите конгреси …

Continue Reading

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони …

Continue Reading

(Видео) Најпрометниот аеродром на Сицилија затворен поради ерупција на Етна

Најпрометниот аеродром на Сицилија ги суспендираше сите полетувања и пристигнувања поради вулканска активност на Етна. Аеродромот објави дека летовите ќе бидат суспендирани најмалку до 18 часот и им советуваше на патниците да не пристигнуваат на аеродромот без претходно да ја проверат состојбата на летот со нивната авиокомпанија, објавува Euronews. Некои летови се пренасочуваат кон аеродромот во Палермо, каде што вчера, …

Continue Reading

Брза реакција по невремето во Скопје – најголем дел од штетите пријавени онлајн

По силното невреме што на 1 јули го зафати Скопје и предизвика материјални штети на домови, деловни објекти и возила, онлајн пријавата на штета https://crosig.mk/prijavi-steta на Кроација Осигурување друштво за неживотно осигурување им овозможи на осигурениците брзо, едноставно и безбедно да ги пријават штетите токму во моментите кога им беше најпотребна поддршка и навремена реакција. Повеќе од 70% од пријавените …

Continue Reading

Бочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓаните

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од СДСМ Благој Бочварски, посочи дека ребалансот на Буџетот за 2026 година е уште една потврда за погрешните економски политики на Владата, кои резултираат со повисоки цени, стагнација на платите, поголем дефицит и зголемен јавен долг. Бочварски посочи дека граѓаните секојдневно ја чувствуваат економската криза преку растот на цените и намалената …

Continue Reading