Уапсени 24 возачи, 19 од нив возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 24 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 19 управувале возило без возачка дозвола (пет во Неготино, по четири во Скопје и Струмица, две во Тетово и по едно Демир Капија, с.Дебреште, Кривогаштани и Штип). Под дејство на алкохол возеле три лица (во Тетово, Ресен …

Continue Reading

Пенков: Економскиот раст на државата ќе продолжи со новиот ребаланс

Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков. Пенков истакна дека преку ребаланс на буџет средствата се …

Continue Reading

Општина Илинден започна со реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“

Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, како дел од континуираните активности за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за спорт и рекреација. „Оваа реконструкција се врши по речиси дво децениско користење на салата, при што се предвидени повеќе градежни и технички зафати насочени кон подобрување на …

Continue Reading

Хоџа: Со над 300 инфраструктурни проекти и системски решенија се гради зелениот пресврт

По повод две години од работата на Владата, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прес-конференција на која даде пресек на постигнатите резултати и започнатите капитални процеси во ресорот, нагласувајќи го институционалниот континуитет и стабилноста во реализацијата на политиките. Тој кажа дека во изминатиот период, Министерството обезбеди средства и започна со реализација на над 300 инфраструктурни …

Continue Reading

Стојановски: Со ребалансот се обезбедуваат стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани

Мартин Стојановски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот на буџетот обезбедува услови Македонија да продолжи по патот на економскиот раст, стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани. „Денес расправаме за ребаланс во буџетот во период кога светската економија се соочува со многу сериозни предизвици за кои сме …

Continue Reading

Средби на Муцунски во Катар: Потврдена заложбата за унапредување на соработката

Во рамки на работната посета на Државата Катар, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари средба со заменик-претседателот на Владата и државен министер за одбрана, шеикот Сауд бин Абдулрахман бин Хасан бин Али Ал Тани. На средбата се разговараше за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната. Соговорниците разменија мислења и за …

Continue Reading

Трајчулески: Нема стабилност и развој со зголемен дефицит, ребалансот е признание за промашените политики на власта

Предложениот ребаланс на Буџетот е признание дека Владата потфрли во планирањето и повторно ги товари граѓаните со поголем дефицит, нови задолжувања и неизвесност, обвини пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. „Овој ребаланс ја открива главната слабост, Владата сака да ја задржи реториката на стабилност, но бара инструмент на нестабилност. Поголем дефицит. Не …

Continue Reading

Од полноќ нови цени на горивата

Од полноќ, дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, а бензините за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна  Македонија (РКЕ). Од 7.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 85,50 (денари/литар) Моторен бензин – …

Continue Reading

Концерт на џез групата Next to Silence во Сули ан

Џез групата Next to Silence ќе одржи самостојен концерт на 9 јули во Сули ан (20:30 часот). Концертот се одржува во рамки на фестивалот Скопско лето и на него ќе се изведе музика што составот неодамна ја сними. Иако музиката се‘ уште не е издадена на албум, сепак ова ќе биде ретка прилика таа да се слушне и публиката да …

Continue Reading