Сончево време, попладне локално невреме
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе …
Continue Reading
Свечено отворени 65-тите Струшки вечери на пoезијата
Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ синоќа во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се обрати на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата. За неа, Струга е град што живее во ритамот на поезијата и место каде што со децении се среќаваат светските поетски гласови и љубителите на убавата реч, нарекувајќи го „најпоетскиот град на планетата“, каде песните создаваат култура и …
Continue Reading
Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски
Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја“, соопшти дипломатскиот оддел. „Информациите што циркулираат во јавноста во …
Continue Reading
Валенсија ја освои титулата во Шпанија
Кошаркарите на Валенсија на најдобар начин ја завршија исклучително успешната сезона. Валенсија ја освои титулата во Шпанија, откако во финалната серија сои 3:1 ја победи Ббарселона. Втор пат во историјата на клубот, Валенсија е шампион на Шпанија! Тие ја победија Барселона со 108:84 во „Блауграна“ и го освоија шампионскиот пехар со 3:1 во серијата. Првата титула ја освоија во сезоната …
Continue Reading
(Видео) Босна на чекор до нокаут фазата – Швајцарија ја освои Б групата
Фудбалерите на Босна и Херцеговина го победија Катар (3:1), во последното коло од Групата Б на Светското првенство. Избраниците на Сергеј Барбарез завршија како трети во групата и имаат голема шанса да се пласираат во 1/16 финалето како една од осумте најдобри третопласирани екипи. Стрелци на овој натпревар беа Алајбеговиќ во 29-та минута, автогол во 34-та минута постигна голманот Абунада, …
Continue Reading