Кошаркарите на Валенсија на најдобар начин ја завршија исклучително успешната сезона. Валенсија ја освои титулата во Шпанија, откако во финалната серија сои 3:1 ја победи Ббарселона.
Втор пат во историјата на клубот, Валенсија е шампион на Шпанија! Тие ја победија Барселона со 108:84 во „Блауграна“ и го освоија шампионскиот пехар со 3:1 во серијата.
Првата титула ја освоија во сезоната 2016/17, кога Педро Мартинез исто така седеше на клупата на овој тим, а Бојан Дубљевиќ, Рафа Мартинез, Фернандо Сан Еметерио, Пјер Ориола, Лук Сикма, Жоан Састре беа главни играчи на теренот.
Оваа магична сезона на Валенсија беше крунисана на најдобар можен начин – со освојување на титулата во АЦБ лигата и со убедлива победа на гостински терен.
Момците во портокалови дресови, го елиминираа Билбао во првото коло, потоа Хувентуд во второто и Барселона во финалето, и се запишаа со златни букви во историјата на клубот.
Херои на оваа победа беа Жан Монтеро со 23 поени, 2 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки, Камерон Тејлор додаде 21 и 6 скока, а Омари Мур имаше 19, додека Брекстон Ки запиша 12 поени и 6 скока.
Во редовите на Барселона, Кевин Пантер постигна 26 поени, Токо Шенгелија 15, Јан Весели 12 и 8 скока на збогувањето со кошарката, додека Лапровитола и Пара имаа по 10 поени.