Фудбалерите на Босна и Херцеговина го победија Катар (3:1), во последното коло од Групата Б на Светското првенство.
Избраниците на Сергеј Барбарез завршија како трети во групата и имаат голема шанса да се пласираат во 1/16 финалето како една од осумте најдобри третопласирани екипи.
Стрелци на овој натпревар беа Алајбеговиќ во 29-та минута, автогол во 34-та минута постигна голманот Абунада, додека Махмиќ стави точка на натпреварот во 80-та минута. Ал Хајдос го постигна единствениот гол за Катар во 42-та минута.
Во втората средба од оваа група, Швајцарија ја надигра Канада (2:1) и се пласираше во нокаут рундата од првата позиција. Доколку БиХ продолжи понатаму, ќе игра против Америка или против Германија.
Швајцарија ја победи Канада со 2:1 и го освои првото место во групата. Стрелци за тимот на Мурат Јакин беа Рубен Варгас во 46-та минута и Јохан Манзамби во 57-та минута. Голот за Канаѓаните, беше дело на резервистот Промис Давид во 76-та минута.
За Швајцарците ова значи, под еден, дека ќе останат во Ванкувер и ќе чекаат во тој град ривалот во 1/16 финалето, а под два, ќе имаат, на хартија, полесен противник во првото коло од нокаут фазата, што ќе биде една од третопласираните екипи од групите Е, Ф, Г, И, Ј.
Foto/ EPA