Ристов до комуналните претпријатија: Инвестирајте во мрежата, дигитализацијата и енергетската ефикасност за да ги намалите загубите на вода


ristov-rke-01092026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За да се намалат загубите на вода, јавните комунални претпријатија (ЈКП) мора да инвестираат во инфраструктура, дигитализација и енергетска ефикасност – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на панелот ‚‚Користење на водоводната мрежа‘‘, во рамките на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“.


Претседателот Ристов посочи дека секоја инвестиција за зголемување на ефикасноста на јавните комунални претпријатија од РКЕ ќе биде одобрена, но предупреди дека ќе се следи реализацијата.

„Ве охрабрувам да инвестирате. Но внимавајте, реализацијата на инвестициите ќе ги следиме преку серија на индикатори за ефикасност: дали има намалување на загубите на вода, дали е зголемена наплатата. Има анализи дека со воведување на дигитализација може да ги намалите трошоци за 10 до 15 проценти. Со намалување на потрошувачката на електрична енергија, се намалуваат значајно расходите. Ние како РКЕ преземаме чекори за да може да се зголеми енергетската независност на микро ниво – и кај општините, меѓу кои се и ЈКП. Идејата е општините да може да основаат Друштво за производство на електрична енергија преку кое ќе можат самостојно да управуваат, складираат и да го продаваат вишокот на енергија за потребите на единицата на локална самоуправа.“ изјави Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Проектот ‚‚Отпорни и ефикасни комунални јавни претпријатија“ е финансиран од Владата на Швајцарската конфедерација и Министерство за животна средина и просторно планирање како и дел од општините. Реализација на проектот има за цел да го подобри оперативното и финансиско работење на ЈКП, како и да ја зголеми енергетската ефикасност преку воведување на современи решенија за одржливо управување со водните ресурси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK